1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиПалестински територии

Израелската армија ги повика на евакуација жителите на Рафах

ЕМФ / дпа
6 мај 2024

Израелската армија почна со евакуација на градот Рафах пред долго очекуваната офанзива на израелската армија во овој град во Појасот Газа.

https://p.dw.com/p/4fX6R
Блиски Исток Појас Газа | Рафах
Во Рафах се сместени стотици илјади внатрешно раселени ПалестинциФотографија: Abed Rahim Khatib/dpa/picture alliance

Израелската армија ги повика жителите на градот Рафах да го напуштат градот. Пред долго очекуваната офанзива на армијата на Израел, луѓето кои се наоѓаат во источниот дел од градот, на границата со Египет, се повикани да заминат во кампот Ал Маваси, кој се наоѓа неколку километри посеверно.

Претходно во Каиро без резултат завршија индиректните преговори на Израел со исламистичката терористичка организација Хамас околу прекин на огнот во Појасот Газа и ослободување на заложниците во замена за палестински затвореници.

Израел сака да ја искористи воената операција во Рафах за да ги уништи преостанатите единици на терористичкиот Хамас. Постојат сомневања дека во градот на границата со Египет има и заложници. Сојузниците на Израел со месеци предупредуваат да не се почнува офанзива во Рафах, бидејќи таму се сместени стотици илјади внатрешно раселени Палестинци. Израел, пак, верува дека операцијата е од суштинско значење за уништување на борбените способности на Хамас.

Пред борбените операции во Рафах, Израел, според сопствените наводи, сака прво да го евакуира градот. Се очекува дека тоа може да потрае неколку недели. Според информациите на „Волстрит журнал“, Израел сака етапно да ја реализира копнената офанзива во Рафах. Весникот пишува за две до три недели евакуација и шест недели офанзива.

Во Рафах се наоѓа граничниот премин на Појасот Газа со Египет кој е важен за испорака на хуманитарна помош до затворениот крајбрежен појас. Жестоки борби во Рафах може натамошно да ја отежнат испораката на храна, лекови и гориво.