1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КлимаЕвропа

Извештај за климата во Европа: невидена жештина и суша

ЖА / агенции | АРД
20 април 2023

Високи температури, суша, повлекување на глечерите – 2022 била година на рекорди во Европа. Тоа го покажува извештајот на европската служба за следење на климата, „Коперник“.

https://p.dw.com/p/4QLME
суша во Шпанија
Невидена суша во ШпанијаФотографија: Emilio Morenatti/AP/dpa/picture alliance

Стариот континент во минатата година го доживеал најтоплото лето од кога се регистрираат метеоролошките податоци. Просечните температури во Европа достигнале нови максимуми. Тоа произлегува од годишниот извештај на европската служба за посматрање на климата „Коперник“, кој овој четврток е објавен во Бон.

Според тој извештај, Европа не само што доживеала најтопло лето од почетокот на метеоролошките мерења, туку тоа била и втора најтопла година во целина. Рекорди се забележани и во сончевото зрачење, повлекувањето на глечерите на Алпите и бројот на денови со екстремни горештини во земјите од јужна Европа. Истовремено, шумските пожари ослободиле повеќе јаглероден диоксид отколку во последните 15 години.

Алармантни промени

Според зборовите на научниците, летото било за 1,4 степени Целзиусови потопло од десетгодишниот просек во периодот од 1991 до 2020 година, а просечната годишна температура била за 0,9 степени над средната температура во тој период. Просечната температура во последните пет години во Европа е за 2,2 степени повисока отколку што била во прединдустрискиот период 1850-1900 година.

Севкупно, според студијата, температурите во Европа растат двојно побрзо од нивната глобална средна висина на било кој друг континент. Карло Буонтемпо, директор на „Коперник“ одговорен за темата климатски промени, оценува дека станува збор за алармантни промени, укажувајќи притоа на топлотните бранови на Медитеранот и температурните рекорди во Грција.

Посебно изразена суша во Европа

Експертите истакнуваат дека сушата во Европа е посебно упадлива. Во текот на зимата 2021-2022, но и во пролетта и летото 2022 година, имало многу помали врнежи, а во мај 2022 година имало помалку врнежи отколку било кога порано во овој месец. Заедно со топлотните бранови, тоа меѓу другото влијаело и на земјоделството, речната пловидба и енергетската индустрија. Во Алпите се истопиле пет кубни метри од глечерите.

Според извештајот, регионот околу Северниот пол исто така доживеал драстични промени, Арктикот затоа се загрева побрзо од остатокот на планетата. На Гренланд температурите во септември биле осум степени повисоки од обично, што е нов рекорд, а тоа и три различни топлотни бранови предизвикале топење на ледената покривка која е досега без преседан.

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема

Покажи повеќе написи