1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Кина го предупредува НАТО од конфронтација

ЕМФ | агенции
11 јули 2024

Кина остро ја критикува предлог завршната декларација од самитот на НАТО во Вашингтон и обвинува за провокации и лаги.

https://p.dw.com/p/4i947
Кина НАТО
Фотографија: edna/imago images

Откако НАТО изрази „длабока загриженост“ поради блиските односи на Кина со Русија, Пекинг реагира со критики. Кина остро ја критикува предлог завршната декларација од самитот на НАТО во Вашингтон. Документот, според Пекинг, е полн со „агресивна реторика“, а деловите кои се однесуваат на Кина содржат провокации „лаги, хушкање и клевети“, изјави портпарол на кинеската мисија при Европската унија.

Земјите членки на НАТО во својата декларација ја нарекуваат Кина „одлучувачки помагач“ во руската војна против Украина. Кинескиот претставник ги отфрла категорично ваквите обвинувања: „Како што сите знаеме Кина не ја предизвика кризата во Украина“, изјави тој.

Пекинг досега не ја осуди јавно војната и и натамуѝ доставува на Москва стоки за цивилна и воена употреба. Генералниот секретар на НАТО, Јенс Стоолтенберг оцени дека ова досега е „најсилната порака“ до Кина да размисли за својот став. Сепак, за можни санкции одлучува секоја земја на НАТО одделно.