1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КриминалСоединети Американски Држави

Компании на Трамп погласени за виновни за даночна измама

СН/агенции
7 декември 2022

Доналд Трамп, кој сака повторно да стане претседател на САД во 2024 година, се соочува со дополнителни неволји. Две компании во неговата империја за недвижности се осудени за различни финансиски кривични дела.

https://p.dw.com/p/4KaDo
Надлежниот државен обвинител на Менхетен, Алвин Брег по пресудата против компениите на Доналд Трамп
Надлежниот државен обвинител на Менхетен, Алвин Брег по пресудата против компениите на Доналд ТрампФотографија: Julia Nikhinson/AP/picture alliance

За првпат, компанија на поранешен претседател е осудена за криминални дела, резимираше  надлежниот државен обвинител на Менхетен, Алвин Брег.  Поротата на Менхетан ги прогласи две компании на Трамп организацијата за виновни по повеќекратни обвинувања за кривична даночна измама и фалсификување на деловни записи.

Судот фалсификувањето го поврза со 15-годишна комплексна шема на измама на даночните власти така што компаниите не пријавиле и не платиле данок на компензацијата за највисоките раководители. „Трамп корп“ и „Трамп пејрол корп“ се прогласени за виновни по сите обвиненија.

Доналд Трамп и неговото семејство не се обвинети во овој случај, но обвинителите повеќепати за време на судењето го споменуваа поранешниот претседател поради неговата поврзаност со бенефициите кои се даваат на одредени раководители, вклучувајќи ги становите кои ги финансираат компаниите, изнајмување на автомобили и лични трошоци.

Пресудата доаѓа во момент кога Трамп се соочува со надзор од страна на федералните обвинители, но и обвинителите во неколку сојузни држави поради ракување со доверливи документи, напорите да се поништат резултатите од изборите во 2020 година и точноста на деловните записи и финансиските извештаи на неговите организации.

Тој, исто така, се соочува со граѓанска тужба од 250 милиони долари од страна на државниот обвинител на Њујорк во која се наведува дека тој и неговите возрасни деца се вмешани во децениска измама. Државниот обвинител бара трајно да им се забрани да извршуваат функции на службеници или директори на компании во државата Њујорк, меѓу останатите казни.

Доналд Трамп сака повторно да се кандидира на претседателските избори во 2024 година
Доналд Трамп сака повторно да се кандидира на претседателските избори во 2024 годинаФотографија: Octavio Jones/REUTERS

„Ова е случај на алчност и измама“, рече окружниот обвинител на Менхетен, Алвин Брег.

„Трамп корп“ и „Трамп пејрол корп“ се извлекле со шема која им обезбедувала на високите раководители раскошни поволности и надокнади, додека намерно ги прикривале придобивките од даночните власти за да избегнат плаќање на даноци. Со денешната пресуда овие компании на Трамп се одговорни за нивната долгогодишна криминална шема, рече Брег.