1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ОпштествоГлобално

Луѓето ширум светот со надеж ја дочекaa Новата 2025 година

ЖА
1 јануари 2025

Луѓето во многу земји ја дочекаа Новата година со прослави и огномети. 2025 година донесува нова надеж и неизвесности.

https://p.dw.com/p/4oj1Q
Дочек на 2025 година во Амстердам, Холандија
Дочек на 2025 година со забави и огномети ширум светотФотографија: Koen van Weel/ANP/AFP

2024 година донесе многу тешки моменти за човештвото - војната во Украина продолжи со несмалено темпо, немаше траен прекин на огнот меѓу Израел и Палестинците, а конфликтот се прошири дури и во Либан.

Украинскиот претседател  Володимир Зеленски  во својата новогодишна порака најави дека неговата земја ќе стори сѐ за да стави крај на  руската агресивна војна  во 2025 година. „Нека 2025-та биде наша година. Година на Украина. Знаеме дека мирот нема да ни биде подарен, но ќе направиме сѐ за да ја запреме Русија и да ја завршиме војната“, рече Зеленски.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски
Украинскиот претседател Володимир Зеленски се надева на мир за неговата земја во 2025 година Фотографија: president.gov.ua

2024 беше и изборна година, со милиони гласачи во над 60 земји, вклучувајќи ги Русија и САД. Владимир Путин и  Доналд Трамп беа избрани за претседатели на своите земји.

Надеж имаше во Сирија, каде бруталното владеење на Асад заврши во декември - но постои голема неизвесност што ќе се случи понатаму со новите исламистички владетели.

Во Дамаск, луѓето го вееја знамето со три ѕвезди на сириското демократско движење од 2011 година, кое сега е преземено од привремената влада. По падот на Асад постои голема надеж за неговата земја, вели на пример таксистот Касем ал Касем. „Сѐ што сакаме сега е мир."

Дамаск, Сирија
Во Сирија луѓето се надеваат дека по падот на Асад, ќе дојде мирФотографија: Amr Abdallah Dalsh/REUTERS

Во Грузија, десетици илјади луѓе повторно излегоа на улиците за да протестираат против владата на новогодишната ноќ. Во главниот град Тбилиси, демонстрантите се собраа пред парламентот во вторникот 34-ти ден по ред, а многумина од нив вееја знамиња на ЕУ и Грузија.

Тбилиси, Грузија
Грузијците ги продолжија антивладините протести и во Новогодишната ноќФотографија: Giorgi Arjevanidze/AFP

2025 година веројатно ќе биде под печат на инаугурацијата на Доналд Трамп во јануари, но развојот на вештачката интелигенција исто така веројатно ќе биде возбудлив. А во Германија, откако се распадна владината т.н. семафор коалиција, во февруари ќе се одржат предвремени избори.

Во Берлин, пред Бранденбуршката порта се одржа уште еден голем настан под мотото „Добредојде 2025 година“. Меѓу музичките гости беа раперката Ширин Дејвид, исландската поп-пејачка Асдис и британскиот пејач Крис де Саранди.

Бранденбуршката порта во Берлин на пречекот на 2025 година
Бранденбуршката порта во Берлин на пречекот на 2025 година Фотографија: Jörg Carstensen/dpa/picture alliance

Поради неодамнешниот напад на божиќниот пазар во Магдебург, имаше дискусии околу откажување на прославите или барем огномети, особено во самиот погоден град. Сепак, на крајот, се остана на локални зони за забрана на петарди и построгите безбедносни мерки на претпазливост низ целата  Германија.

Според првичниот полициски извештај, во Берлин биле уапсени околу 330 лица. Повредени се 13 полицајци, од кои еден потешко. Полицаецот морал да биде опериран уште вечерта откако бил погоден од петарда.

Дочек на Новата 2025 година во Хамбург, Германија
Дочек на Новата 2025 година во Хамбург, Германија Фотографија: Marcus Brandt/dpa/picture alliance

На национално ниво, новогодишната ноќ заврши фатално за најмалку четири лица. Еден 24-годишник загина во несреќи со огномет во Северна Рајна-Вестфалија, двајца мажи на возраст од 45 и 50 години во Саксонија и еден 20-годишен во Хамбург.