Волонтери на Црвениот крст се на терен и со ладна вода го ублажуваат и овој топлотен бран во Скопје. Вакви горештини се типични за главниот град, но стануваат понеиздржливи, поради таканаречените „топлотни острови“ во градот. Што треба да направат Скопје и Скопјани, за да бидат помалку ранливи во текот на летото?