Смртоносна железничка несреќа во Грција
1 март 2023Сударот меѓу патнички и товарен воз се случил на железничката траса меѓу престолнината Атина и пристанишната метропола Солун. Според спасувачките екипи, најмалку 32 лица загинале во , повеќе од 80 биле повредени. Неколку вагони излетале од шините, а неколку се запалиле.
Портпаролот на противпожарната бригада, Василис Вархакојанис, изјави дека потрагата по преживеани продолжува.
Евакуацијата на патниците се одвива под многу тешки услови затоа што сударот на двата возови бил многу силен. „Повеќето повредени имаат повреди на главата, скршена карлица, раце и нозе. За жал, има бројни луѓе кои сè уште се во превртените вагони“, изјави член на еден од тимовите за спасување на лице место.
Паника во вагоните
Според гувернерот на регионот Тесалија во Грција, Константинос Агорастос, двата возови се судриле фронтално. Првите две вагони на двата воза биле „речиси целосно уништени“ поради силината на сударот. .
На телевизиските снимки можеа да се видат неколку испреплетени вагони со скршени прозорци, од кои излегува густ чад.
Во вагоните, спасувачките екипи со факели барааа преживеани патници.
Во спасувачката операција учествуваат вкупно 150 припадници на екипите за итна помош и 40 амбулантни возила. На местото на несреќата биле испратени и кранови. „Имаше паника во вагоните, луѓето врескаа“, рече еден млад човек кој бил евакуиран на блискиот мост. Околу 250 патници биле донесени во Солун со автобус, рече гувернерот Агорастос. Грчките медиуми зборуваат за „најлошата железничка несреќа во историјата на земјата“.
Погодената траса била модернизирана во последните години
Несреќата се случила непосредно пред полноќ на најпрометната грчка железничка линија во близина на градот Лариса. Според грчката железница, во патничкиот воз имало околу 350 патници и 20 членови на екипажот. Возот, тргнал од Атина кон Солун во 19 часот и 22 минути. Причината за несреќата е сè уште нејасна.
Раководителот во железницата одговорен за погодената траса Атина-Солун беше уапсен, објави државната телевизија. Трасата била модернизирана во последните години. Со грчките железници (Хеленик Трејн) управува италијанската државна железница Феровиара Дело Стато Италијано (ФС).