1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

На пат со лична карта: слободно движење низ Западен Балкан

ДТЗ
1 јуни 2023

Стапуваат во сила трите договори во рамки на Берлински процес со кои ќе се овозможи мобилност на студентите. Лекарите, забарите и архитектите ќе можат своите услуги да ги нудат слободно низ регионот.

https://p.dw.com/p/4S38c
 Grenze zwischen Nord-Mazedonien und Serbien
Фотографија: Nord-Mazedonien Regierung

Стапуваат во сила трите договори во рамки на Берлински процес, со кои се воспоставува слободно движење на луѓето само со лични карти во рамките на Западен Балкан. На тој начин во Северна Македонија, Албанија и Косово  ќе се овозможи мобилност на студентите, професорите и академските работници, додека процедурите за признавање се скратуваат од неколку месеци на две недели и без трошоци. Лекарите, забарите и архитектите ќе можат своите услуги да ги нудат слободно низ регионот. 

Западен Балкан договори
Шест земји од регионот во ноември 2022 година потпишаа три договори за мобилност на граѓаните и добија уверување дека Европа е целосна само со Западниот Балкан.Фотографија: Government of North Macedonia

Три договори

Станува збор за три договори потпишани на 3 ноември 2022 година, во рамките на Берлинскиот процес - Договорите за слободно движење во Западен Балкан со лични карти, за признавање на високо образовните квалификации и за признавање на стручните квалификации на доктори, стоматолози и архитекти.

„Многу бргу се очекува влегување на сила на договорите и во останатите три држави потписнички, согласно завршените правни процедури кај нив - Република Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина“, најавуваат од македонското МНР. 

„Секој од овие договори дава специфична можност да им помогне на нашите граѓани да го искористат својот потенцијал, да ги прошират своите искуства и да придонесат за доброто на нашиот регион. Договорите претставуваат значаен чекор напред во нашите напори да им овозможиме на граѓаните слобода на движење и интеграција, како услов за воспоставување на заеднички регионален пазар, што ќе претставува најбезбеден и најбрз пат кон исполнување на нашата заедничка цел – членство во Европската Унија“, вели Османи.

 

Договор кој усреќува многу семејства на Западен Балкан