„Порано трчав и си играв, бев толку среќна со животот, но сега, откако ја загубив ногата мојот живот стана грд и станав тажна. Се надевам дека ќе добијам вештачка нога“, вели Нур Маруф.
11-годишната Нур е една од стотици деца на кои им биле ампутирани нозете во Газа. ОН проценуваат дека од почетокот на војната на над 1.000 деца им биле ампутирани нозете.
Левата нога на Нур биле речиси целосно откината во експлозија. Таа стравува дека би можела да ја загуби и десната.
„Многу ме боли и сакам да одам во Обединети Арапски Емирати, затоа што се плашам дека тука ќе ми ја отсечат и другата нога“, вели Нур.
Колабираниот медицински систем во Газа не може да им пружи нега на децата.
„Се обидувам колку што можам да им го олеснам животот како сестра, но што и да сторите, тие имаат тешки психолошки проблеми, се чувствуваат нецелосно со големи болки, а имаме и недостаток на лекови против болки, а ним им се постојано потребни“, вели медицинската сестра Вафа Хамдан.