1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КриминалСоединети Американски Држави

Масакр во новогодишната ноќ во Њу Орлеанс

СН/агенции | АРД
1 јануари 2025

Во популарен кварт за ноќен живот во Њу Орлеанс на новогодишната ноќ, напаѓач со возило влета во насобраните луѓе, убивајќи најмалку 10 лица. Според полицијата, тој дејствувал намерно и сакал да убие што повеќе луѓе.

https://p.dw.com/p/4ojf7
Полициски и возила на местото на злосторството во Њу Орлеанс
Полициски и возила на местото на злосторството во Њу ОрлеансФотографија: ABC AFFILIATE WGNO via REUTERS

Во американскиот град Њу Орлеанс рано утрината по локално време, маж влетал со пикап возило во толпа луѓе. Според податоците на градската управа, загинале десет лица, а најмалку 35 се повредени.

Инцидентот се случил во 3 часот и 15 минути (по локално време) на улицата Бурбон во Францускиот кварт, градската туристичка област и со богат ноќен живот, додека новогодишните прослави сѐ уште биле во тек. Властите ги повикаа луѓето да ја избегнуваат областа.

Возачот очигледно е мртов

Возачот на автомобилот дејствувал „намерно“, изјави началничката на полицијата Ен Киркпатрик и „не станувало збор за возење во пијана состојба“. Мажот се обидел да прегази што повеќе луѓе. Според неа, тој пукал и ранил двајца полицајци. Возачот загинал во престрелка со полицијата, јавија амерканските медиуми. Според Алетеа Данкан од канцеларијата на ФБИ во Њу Орлеанс, биле пронајдени и „импровизирани експлозивни направи“. Си-Ен-Ен ги цитираше ФБИ, дека направите сега се испитуваат за да се утврди дали се функционални или не.

Пикап возилото со кое беше извршен нападот во Њу Орлеанс
Пикап возилото со кое беше извршен нападот во Њу ОрлеансФотографија: Gerald Herbert/ASSOCIATED PRESS/picture alliance

ФБИ го смета нападот за „терористички акт“ 

Во својата прва реакција, гувернерот на Луизијана Џеф Ландри зборуваше за „ужасен чин на насилство“. Градоначалничката ЛаТоја Кантрел истакна дека истрагата сѐ уште е во тек, но дека веќе се зборува за „терористички напад“.

ФБИ, кое ја презеде истрагата, најнапред не говореше за терористички напад но во меѓувреме, како што пренесоа американските медиуми, го категоризираше злосторството како „терористички чин“.

Американските медиуми цитираат изјави на очевидци дека голем автомобил со голема брзина налетал на луѓе на тротоар. Се слушнале неколку истрели.

Мерките за безбедност во Њу Орлеанс неодамна се засилени во пресрет на новогодишната прослава и на важен  натпревар во американски кој треба да се одигра денеска во Њу Орлеанс.

Забранет пристапот до улицата Бурбот во францускиот кварт во Њу Орлеанс каде беше извршен нападот во новогодишната ноќ
Забранет пристапот до улицата Бурбот во францускиот кварт во Њу Орлеанс каде беше извршен нападот во новогодишната ноќФотографија: MATTHEW HINTON/AFP

Бајден информира за случувањата во Њу Орлеанс

Претседателот на САД,  Џо Бајден бил информиран за „страшната вест дека возач убил и повредил десетици луѓе во Њу Орлеанс во текот на ноќта“, соопшти Белата куќа.

Во соопштението се додава дека претседателот е во контакт со градоначалничката на Њу Орлеанс, ЛаТоја Кантрел, за да понуди поддршка.

Нападот во Њу Орлеанс потсетува на неодамнешниот напад со автомобил на божиќниот панаѓур во Магдебург, Германија, во загинаа пет лица, а повеќе од 200 беа повредени ,