1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ПолитикаСоединети Американски Држави

Обраќање на Бајден: борба за политичкото наследство

Торбен Бергерс | АРД
25 јули 2024

Во емотивниот говор Џо Бајден претстојните избори во САД ги оцени како гласање за или против демократијата. Пет сознанија од неговиот прв настап по откажувањето од повторното кандидирање за претседател.

https://p.dw.com/p/4ihzH
Американскиот претседател Џо Бајден имаше прво обраќање до нацијата по одлуката да се откаже од претседателската трка
Американскиот претседател Џо Бајден имаше прво обраќање до нацијата по одлуката да се откаже од претседателската тркаФотографија: Evan Vucci/IMAGO/UPI Photo

„Слонот во собата“

Тој не споменува ни „Д“ од Доналд Трамп, но мислеше на него кога зборуваше за закана за демократијата. Искреноста, пристојноста и почитта не се вбројуваат меѓу неговите силни страни. Не е ни чудо што американскиот претседател токму тие поими ги стави во фокусот. Тоа што реторички го помести накај монарси и диктатори, тешко дека ќе придонесе политичките блокови во длабоко поделената земја повторно да се приближат.

Ослободувачки потег изгледа поинаку

Гласот му е и натаму зарипнат, изговорот на места нејасен и тешко да е да се следи – оние кои од обраќањето на Бајден очекуваа враќање на одлучниот предводник на слободниот свет, останаа разочарани.  На Бајден пренагласено се оцртуваат трагите на староста. Дури и со телепромптер најстариот претседател во историјата не може беспрекорно да го заврши 11-минутното обраќање. Тоа им оди во прилог на оние кои не веруваат дека ќе може да го заврши мандатот од кој му преостануваат уште шест месеци за владеење.

Џо Бајден е најстариот претседател во историјата на САД
Џо Бајден е најстариот претседател во историјата на САДФотографија: Evan Vucci/IMAGO/UPI Photo

Се бара место во учебниците по историја

Кога Бајден во својот говор споменува историски величини како Џорџ Вашингтон, Абрахам Линколн или Франклин Рузвелт, се добива впечаток дека се бори за своето место во книгите по историја. Но, мерилото за своето политичко наследство ја поставува многу високо. Само ако Камала Харис победи на изборите, Бајден успешно ја предал штафетата на следната генерација. Ако изгуби, ќе остане непотполен „претседател во еден мандат".

Впечатлив биланс

Фалби на сопствена сметка општо не се прифатени како доблест. Тоа сепак не го спречи Бајден да си ги резимира сопствените успеси, кои и де факто зборат за себе: милионите нови работни места, растечките плати, намалените цени и намалената стапка на криминал веројатно значително го подобриле животот на многу Американци. Затоа и до последен момент имаше многумина кои веруваа во втор мандат на претседателот. Гордоста на тоа што го постигнал му се гледаше на претседателот во заминување. Но, сега други мора да ја довршат неговата работа.

Камала Харис и Џо Бајден (архивска фотографија)
Камала Харис и Џо Бајден (архивска фотографија)Фотографија: Kevin Wolf/AP/dpa/picture alliance

Поддршка за Харис со половина срце

Три кратки реченици на крајот на говорот беа сета поддршка што и ја даде на новата надеж на Демократите за трнливиот пат до изборите во ноември годинава. Можеше да има и нешто поголема поддршка од гледна точка на актуелната потпретседателка. Бајден можеби ја пропушти шансата за тоа – и тоа во телевизиски топ термин.