1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Палевски тврди дека е невин за убиството на Вања Ѓорчевска

БГ
20 септември 2024

Петмината обвинети за грабнувањето и убиствата на 14-годишната Вања Ѓорчевска и 74-годишниот Панче Жежовски минатата година, се изјаснија за невини на денешното прво рочиште во судот во Скопје.

https://p.dw.com/p/4ktno
Љупчо Палевски-Палчо Суд
Љупчо Палевски-Палчо пред судот во СкопјеФотографија: Petr Stojanovski /DW

Обвинетите Љупчо Палевски, Боре Видевски, Велибор Манев, Влатко Кешишов, како и таткото на Вања, Александар Ѓорчевски, се изјаснија за невини на почетокот на судењето за убиствата кои минатата година ја потресоа државата.

Обвинителството тврди дека извршител на убиствата е Љупчо Палевски-Палчо, додека останатите биле соизвршители и помагачи. Им се заканува казна од 10 години до доживотен затвор.

Обвинителката Жаклина Крстевска, по барањето на мајката и сестрата на Вања, побара судењето да биде затворено за јавност, но судот го одби барањето.

Палевски: Јас сум жртва

Палевски во изјавата рече дека е жртва на монтиран политички процес, и тврдеше оти нема докази за негова вмешаност во убиствата. Таткото на Вања, Александар пред судот изјави дека не е виновен, и оти во текот на процесот ќе даде придонес за расчистување на вистината. 

Обвинителството тврди оти обвинетите заедно испланирале грабнување на 14-годишното девојче со цел да присилат член на нејзиното потесно семејство да даде парични средства за откуп. Претходно, на 22 ноември 2023 година, тие наводно го грабнале Панче Жежовски од Велес, со цел да му го земат возилото, а потоа и го убиле. Безживотните тела на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, беа пронајдени во близина на Скопје и Велес на 3 декември 2023 година. 

Кој е Љупчо Палевски, осомничениот убиец на Вања Ѓорчевска

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема