1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

По седум избори: Бугарија доби необична владина коалиција

ЕМФ / дпа
16 јануари 2025

Бугарија доби влада составена од прозападни, проруски и популистички партии. И покрај многуте разлики, коалицијата сака да ја надмине политичката криза и да го воведе еврото.

https://p.dw.com/p/4pEZB
Бугарија влада
Бугарија доби влада составена од прозападни, проруски и популистички партииФотографија: BGNES

Два и пол месеца по предвремените избори, Бугарија доби нова влада. Станува збор за необична коалиција од прозападни, проруски и популистички партии.

Прозападниот сојуз од десниот центар ГЕРБ-СДС кој освои најголем број гласови на изборите, склучи сојуз со проруските социјалисти (БСП-ОЛ) и популистите од Има таков народ (ИТН). Освен тоа, партијата на Турците, ДПС, ѝ обезбеди на малццинската влада клучни гласови во парламентот.

Премиерот Росен Жељазков (ГЕРБ) ја оправда невообичаената коалиција со итната неопходност за извлекување на Бугарија од политичката криза. Тој изјави дека партиите кои се дел од владеачката коалиција ги „надминаа сввоите идеолошки разлики“ со цел да потпишат коалициски договор.

По седум избори во рок од три и пол години, Бугарија е соочена со големи предизвици. Централна задача на новата влада, меѓу другото, ќе биде носење на буџетот за 2025. Освен тоа, таа, според најавите, треба да работи на воведување на еврото во земјата, како и зајакнување на правната држава и енергетската безбедност.