1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Подземните тунели на Кратово

Емилија Петреска
30 септември 2024

Кратово е град кој лежи на тунели! За време на турската окупација, градот бил поврзан со подземни тунели, каде, како што велат мештаните, се криеле златници кои биле ковани во градските кули. Најголемиот дел од тунелите денес се испрекинати и упропастени. Само еден тунел во склоп на ресторан е отворен за посета на туристи. Официјални тури нема, па низ него нѐ водеше сопственикот на ресторанот.

https://p.dw.com/p/4lBEM

Еден од бројните тунели под Кратово е лоциран под ресторан. Сопственикот на ресторанот, Зоран Стаменков, раскажува:

„На многу места има вакви кратки делови од овие подземни тунели, од една куќа до следната куќа. Ама, претежно сите тие се во приватна сопственост. Треба да ги знаете луѓето за да ве внесат и да ги видите.“

Северна Македонија | Кратово тунел
Дел од тунел под КратовоФотографија: Emilija Petreska/DW

Во овие тунели, тврдат мештаните, се криеле златници.

„Во Кратово имало 13 кули. Сите 13 кули на времето биле поврзани со посебни тунели. И можело да се оди од кула до кула сѐ под земја. Цел подземен град постоел под самиот град Кратово.  Кратово бил прв град на Балканот каде што почнале да се коваат златните пари“, нагласува Стаменков.

Северна Македонија | Кратово кула
Една од кулите во КратовоФотографија: Emilija Petreska/DW

Кратовци ќе ви раскажат и легенда. 

Повеќе за неа во видеото!