Западните соседи: Белорусија да ги избрка борците од Вагнер
28 август 2023„Го повикуваме режимот во Белорусија да им откаже гостопримство на припадниците на платеничката група Вагнер, како и да ги повлече илегалните мигранти од граничната област и да ги врати во нивните татковини“, се вели во заедничкото соопштение на министрите за внатрешни работи на четирите земји по нивната денешна средба во Варшава, Полска.
Во случај на вооружен инцидент на границата или силен наплив на мигранти, ќе биде спроведена координирана акција и ќе бидат затворени сите гранични премини со Белорусија, порачаа министрите за внатрешни работи од четирите членки на ЕУ и НАТО.
По неуспешниот бунт на војската на Вагнер против военото раководство во Москва во јуни, голем дел од борците на покана на белорускиот властодржец Александар Лукашенкозаминаа во Белорусија, каде подигнаа свој логор.
Што ќе биде со платениците од Вагнер
Според полски наводи, во Белорусија се стационирани неколку илјади платеници од приватната армија Вагнер, а самиот Лукашенко навести дека нивниот број наскоро би можел да се искачи до 10.000.
Смртта на шефот на платеничката војска Вагнер, Евгениј Пригожин, во неодамнешната авионска несреќа на неговиот приватен авион во Твер, меѓу Москва и Санкт Петербург, која според соопштение на руските власти, наводно е потврдена со анализа на ДНК, ја наметна дилемата околу натамошната судбина на Вагнеровци во Белорусија.
Платениците, кои беа ударна тупаница наруската војна во Украина,по побуната беа ставени пред избор – да заминат во Белорусија или да се придружат на регуларната руска армија.
Присуството на платениците од Вагнер во Белорусија ја зголеми нервозата воЕУ- и НАТО- земјите кои граничат со земјата сојузник на Путинова Русија.
Групата е „способна за се“, изјави полскиот министер за внатрешни работи, алудирајќи на бруталноста и обвинувањата против платениците за извршени злосторства против човештвото.
Во текот на минатата година Варшава ја обезбеди на одредени сегменти својата 418 километри долга граница со Белорусија со подигање 5,5 метри висок ѕид.
Транспорт на мигранти на границите на ЕУ
Исто како и Литванија и Летонија, Полска ги обвинува Лукашенко и Русија за организирана форма на транспорт на мигранти на надворешните граници на ЕУ, со цел да изврши дестабилизација на регионот и да го зголеми протисокот врз Западот. Полската гранична служба информираше за обиди на 19.000 луѓе во текот на оваа година да влезат од Белорусија во Полска.
Полскиот министер за надворешни работи Мариуш Камински се закани дека во случај на натамошни провокации, Полска ќе ги затвори сите гранични премини кон Белорусија. Литванија, според најавите на министерката за внатрешни работи, Агне Билотате, привремено ќе затвори два натамошни гранични премини кон Белорусија од вкупно шест. Станува збор за граничните премини Лаворискес и Раигардас, изјавила таа според медиумите во Варшава, без да наведе точен датум. Балтичката држава уште на 18 август веќе затвори два гранични пункта на границата со Белорусија.