Црна Гора: Ѓукановиќ и Милатовиќ во вториот круг
20 март 2023Актуелниот црногорски претседател Мило Ѓукановиќ, кој повеќе од три децении владее во земјата, или како шеф на државата или како премиер, освоил меѓу 35 и 36 отсто од гласовите, додека Јаков Милатовиќ околу 29 насто од гласовите во првиот круг од претседателските избори, сугерираат проекциите на резултатите на набљудувачките организации ЦЕМИ и ЦДТ.
Ако добие поддршка од симпатизерите на речиси сите останати кандидати, а на овие избори беа вкупно седум, Милатовиќ би можел сериозно да го загрози Ѓукановиќ.
Од трката по првиот круг отпаднаа кандидатот на Демократскиот фронт, Андрија Мандиќ, кој освои 19,2 остсто од гласовите, а Демократот Алекса Бечиќ до 10,9, пратеничката на Социјалдемократската партија, Драгиња Вуксановиќ Станковиќ со 3,2 насто, како и кандидатот на Обединета Црна Гора, Горан Даниловиќ, освои 1,3 отсто и инфлуенсерот Јован Радуловиќ 0,8 проценти од од пребројаните гласови .
Меѓутоа, иако мнозинството од останатите кандидати се против Ѓукановиќ и неговата политика, нивната евентуална поддршка за Милатовиќ во вториот круг засега е само претпоставка.
Младиот политичар, кој носи имиџ на реформатор и економист со меѓународен углед, во кампањата најмногу се фокусираше на ветувањата за подобар живот.
Во блиско минато, партиите кои во 2020 година со здружени сили ја победија Демократската партија на социјалистите на Ѓукановиќ не успејаа да ја зачуваат владата поради разни недоразбирања и несогласувања и Црна Гора влезе во период на политичка нестабилност.
Право на глас во првиот круг имаа 542.154 црногорски граѓани, соопшти Државната изборна комисија на Црна Гора. Според податоците на набљудувачките организации, на изборите гласале 63,6 отсто или околу 344.700 гласачи.
Според законот, за некој да стане претседател на Црна Гора, потребно е да освои повеќе од половина од гласовите во првиот круг. Доколку никој не биде успее, ќе се одржи втор круг во кој силите ќе ги одмерат двајцата со најмногу гласови, а ќе се одржи на 2 април. Претседателот се избира со мандат од пет години.