1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ТероризамГерманија

Германија: Исламист осомничен за планирање терористички акт

СН/агенции
25 октомври 2023

Дали исламист од Дуизбург, познат на полицијата, планирал напад врз произраелски демонстрации? Во вторникот беше претресен неговиот стан а тој приведен. Истрагата е во тек.

https://p.dw.com/p/4Xzna
Полициско возило пред зградата во Дуизбург во која се наоѓал домот на осомничениот исламист
Полициско возило пред зградата во Дуизбург во која се наоѓал домот на осомничениот исламистФотографија: WTVnews UG Essen/dpa/picture alliance

Според последните инфомации, по вчерашното приведување на осомничениот исламист во Дуизбург, истрагата ја презеде покраинското јавното обвинителство во Дизелдорф. Ова денеска го потврди портпаролот на полицијата во градот Есен. 

Специјалните единици на полицијата вчера го приведоа 29-годишниот исламист од Дуизбург по „индициите за можно сценарио за напад“, соопшти полицијата во Есен.  Според  германските медиуми тој е осомничен за планирање напад врз произраелски демонстрации во германската покраина Северна Рајна Вествалија.

Осомничениот е приведен по полициска рација и претресот во неговиот стан, кој траел до доцна вечерта. „Истрагата продолжува со засилена брзина“, изјави портпарол на полицијата.

Медиумите во Германија исто така јавуваат дека тој е приведен врз основа на дојава од странски разузнавачки служби, кои на германските колеги им дојавиле за преписките на Тунежанецот во кои тој ги опишува своите планови. Наводно, 29-годишникот на интернет барал произраелски настани и џихадистичка содржина. Според информациите на германската новинска агенција ДПА, 
тој на интернет исто така  истражувал како да  се влета со камион во учесниците на уличен собир. 
Не е јасно дали веќе одлучил каде и кога сака да го изврши нападот.

Во градовите во Германија речиси секојдневно се оддржуват демонстрации  за солидарност со Израел, по реросистичкиот напад на Хамас на 7 октомври
Во градовите во Германија речиси секојдневно се оддржуват демонстрации за солидарност со Израел, по реросистичкиот напад на Хамас на 7 октомвриФотографија: Markus Schreiber/AP Photo/picture alliance

Според информациите на весникот Шпигел, тој долго време бил под засилен надзор на безбедносните органи поради претходни предупредувања од странски тајни служби. Според разузнавачките информации, тој, меѓу другото, наводно размислувал и за напади врз полициски објекти пред неколку недели.

На крајот на 2013 година тој преку Турција отпатувал во Сирија, каде се приклучил на Исламската држава. Неговото борбено име било Осама Ал Алмани, Осама Германецот.

Во едно видео тој позира покрај телото на обезглавен маж.

Кога се вратил во Германија во 2016 година, полицијата го уапсила на аеродромот во Франкфурт. Во 2017 година тој е осуден на пет години малолетнички затвор поради членство во терористичка организација.

 

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема

Покажи повеќе написи