1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиИзраел

Пронајдени тела на шест заложници во Појасот Газа

ЕМФ / дпа
20 август 2024

Израелската армија соопшти дека пронашла и вратила тела на шест заложници на Хамас од Појасот Газа.

https://p.dw.com/p/4jfGQ
Израел | Плакат со фотографии и имиња на неколкумина заложници киднапирани од страна на Хамас
Плакат во Израел со фотографии и имиња на неколкумина заложници киднапирани од страна на Хамас на 7 октомври лани (архивска фотографија)Фотографија: Marco Longari/AFP/Getty Images

Армијата на Израел соопшти дека нејзини војници ги пронашле телата на шестмина заложници на милитантно исламистичкиот Хамас за време на ноќна операција во јужниот крајбрежен град Кан Јунис. Станува збор за шестмина мажи. Нивните семејства, како што се вели, веќе се известени. Според извештаи на медиумите, петмина од мажите се на возраст меѓу 35 и 80 години. Неколкумина веќе претходно беа прогласени за мртви од страна на армијата. Сите биле живи кога во моментот кога биле киднапирани.

Според израелската евиденција, Хамас сега во свои раце има уште 109 заложници, од кои многумина веројатно веќе не се живи. За ослободување на преостанатите заложници се преговара и во текот на разговорите за постигнување прекин на огнот во Појасот Газа.

Терористите на Хамас на 7 октомври мината година киднапираа 253 луѓе од Израел. Дел од нив беа ослободени со размена на затвореници, а неколкумина беа ослободени во акции на израелската армија.