1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

С. Македонија напредува според слободата на медиумите

БГ
3 мај 2023

Репортери без граници во новиот извештај ја рангираат Северна Македонија на 38 место во светот според слободата на медиумите. Земјата е прва во регионот, но од организацијата велат дека има уште простор за напредок.

https://p.dw.com/p/4Qpi1
Слобода Медиуми
Северна Македонија е на 38 место во светот според слободата на медиумитеФотографија: Nyein Chan Naing/dpa/picture alliance

Со скок од 19 места во однос на минатата година, Северна Македонија стигна до 38. место меѓу 180 земји во светот според глобалниот индекс за слободата на медиумите на „Репортери без граници“. Најновото рангирање ја прави земјата најдобро пласирана на листата во регионот на Западниот Балкан, пред Црна Гора (39), Хрватска (42), Косово (56), Босна и Херцеговина (64) и Србија (91) и Албанија (96). Претходната, 2022 година, Македонија напредуваше за 33 места на листата на РБГ. 

Репортери без граници (РБГ) наведуваат дека иако новинарите не работат во непријателско опкружување, раширените дезинформации и недостигот на професионализам придонесуваат за опаѓање на довербата на општеството во медиумите, што ги изложува независните медиуми на закани и напади. Продолжува и тенденцијата, владините функционери да имаат лоши и понижувачки ставови кон новинарите.

„И покрај напредокот, новинарите во Северна Македонија и понатаму страдаат со нетранспарентно и нестабилно финансирање, конфликт на интереси, политички притисоци и кампањи на клевети, и вознемирување на социјалните мрежи“, вели Павол Шолои од Репортери без граници. 

Разлики меѓу медиумите  

Тој потенцира дека треба да се има предвид дека разликите во вкупниот број бодови меѓу земјите од регионот се многу мали, но ги наведува Северна Македонија, Црна Гора и Косово како земји кои имаат потенцијал за промени на подобро.

Шолои ги поздравува „неодамна преземените системски мерки“ за заштита на новинарите, како што се промената на законите во таа насока и именувањето на специјален обвинител во Скопје кој ќе се занимава со новинарски случаи. 

Во извештајот на РБГ се наведува дека телевизијата останува доминантен извор на информации, но и онлајн медиумите играат важна улога.

„Сепак, мора да се направи разлика помеѓу професионални онлајн редакции кои вработуваат професионални новинари и објавуваат оригинална содржина и поединечни портали кои прават плагијат и копи-пејст на туѓи содржини. Исто така, постои голем јаз меѓу гледаноста и довербата: најгледаните ТВ станици имаат низок индекс на доверливост“, се вели во извештајот. 

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема

Покажи повеќе написи