САД нема да ѝ дадат борбени Ф-16 авиони на Украина
31 јануари 2023Американскиот претседател Џо Бајден отфрла доставување на авиони Ф-16 на Украина. На новинарско прашање во Вашингтон: „Дали САД ќе ѝ стават на Украина на располагање Ф-16?“, Бајден одговори кратко: „Не“.
Откако минатата недела доби ветување за испорака на тенкови, украинското раководство врши притисокврз западните сојузници за испорака на борбени авиони. Тоа Бајден сега го отфрла и со тоа отстапува од она што го претходно го рече заменикот советник за национална безбедност, Џон Фајнер, кој не исклучи категорично испорака на Ф-16.
Францускиот претседател Емануел Макрон од своја страна, во врска со испораката на борбени авкикони вели: „Во основа ништо не е забрането.“ Тој истовремено предупреди од ескалација и потенцираше дека треба да бидат исполнети низа „критериуми“ за испорака на авиони.
Германскиот канцелар Олаф Шолц отфрла испорака на борбени авиони на Киев и предупредува од „постојаниот натпревар во наддавање“ во дебатата околу испораката на опружје. Шолц и Бајден минатата недела по долго колебање ветија испорака на тенкови од типот Леопард 2 и Абрамс на Украина. Потоа украинскиот претседаттел Володомир Зеленски побара од сојузниците и испорака на борбени авиони. Киев веќе има изразено желба и за воени бродови и подморници.