Уште како дете повеќе сакала да си игра со свеќичките на автомобилот, отколку со кукли. Подоцна Клереноре Штинес ги открива трките со автомобили - необична жена со необично хоби. Но, тоа ѝ станува здодевно, таа бара предизвик. Во 1927 година ја почнува авантурата која трае две години. Влегува во историјата како прв човек кој го обиколил светот со автомобил.