Со вакцина против рак на матката
27 јануари 2007Причинител на ракот на грлото на матката кој секоја година е фатален за 1.600 жени во Германија е хуманиот папилома вирус, кој се пренесува со сексуален однос. Со природата на овој вирус кој има стотина припадници, деценија наназад се занимаваат истражувачите од САД кои развија и вакцина.
Вакцината штити од вирусот ХТП
Повеќегодишните истражувања и во Германија беа сконцентрирани на вакцината која сега е достапна на пазарот. „Оваа вакцина штити од инфекции од најчестите хумани папилома вируси кусо именувани ХТП. Тие се нумерирани и два најчестите, со реден број 16 и 18, во 70 проценти се причина за ракот на грлото на матката. Но, остануваат оние 30 процент против кои нема заштита“ - вели Андреас Кауфман, билог имунолог од Универзитетската клиника Шарите. „Вакцината е дозволена во земјите од Европската унија. И тоа во Германија од 22 септември, а во апотеките може да се купи од 6 октомври минатата година.“ Вакцината спопред доктор Кауфман има смисла да ја примаат младите девојки пред нивниот прв полов однос. Ова заради тоа што вирусот е пренослив и вакцината нема да е ефикасна доколку телото веќе било инфицирано.
Дел од здравствените каси ги преземаа трошоците за вакцината
Интересно е што дел од здравствените каси во Германија прифатија да ги сносат трошоците за вакцината доколку е препишана од лекар, иако тоа не е наложено од надлежните институции и комисијата за имунизација. „Една доза вакцина чини 150 евра. Потребни се 3 кои по денот нулта се примаат во временски распоред од 2, односно 6 месеци, што значи имунизирањето чини околу 500 евра“ - вели доктор Кауфман.
Во Германија вакцината ја произведуваат Санови Пастер која веќе ја има во апотекит и Глаксих Смит Клајн чиј продукт ќе биде во продажба до крајот на годинава. Рекламата околу вакцината ја водат производителите, но како вели доктор Кауфман со неа не може да се постигне екстремно голема приемчивост.
Во Германија треба да се популаризира вакцината
За разлика од САД каде вакцината е задолжиотелна за девојките пред да се запишат на колеџ (во Мичиген), во Германија има уште многу да се работи на популаризирањето: „Во Германија имаме проблем што луѓето, посебно младите жени немаат познавања за болеста. Многу малку знаат дека постои папилома вирусот, дека тој е причина за рак на грлото на матката и дека истиот се пренесува со сексуален контакт.“
Затоа истражувачкиот тим, центарот на клиниката Шарите и Информативнуиот центар за рак од Хајделберг имаат задача преку различните проекти да ја инфромираат популацијата за болеста, ризиците и придонесот на вакцинирањето.Во моментов околу 50.000 жени во различни старосни групи и различни земји од светот се вакцинирани против вирусот.
Дали еднаш примената вакцина значи доживотна заштита?: „Тоа е многу важно прашање на кое не можам да одговорам. Од студијата знаеме дека со сигурност вакцината штити 5 години. За подолгио немаме податоци и сега преостанува имунизираните случаи да ги следиме“. објаснува доктор Андреас Кауфман од Клиниката Шарите.