1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиРусија

Што е тактичко атомско оружје?

АРД | БЈ/ агенции
27 март 2023

Русија најави дека ќе стационира тактичко атомско оружје во Белорусија. За какви боеви глави станува збор? Колку се опасни и по што се разликуваат од стратегиско атомско оружје?

https://p.dw.com/p/4PIAR
Russland Symbolbild Atomwaffen Sipri
Фотографија: RU-RTR Russian Television/AP/picture alliance

Тактичкото атомско оружје се разликува од стратегиското, кое пред сѐ служи за заплашување, најмногу по разорната моќ и дострелот. Со помош на интерконтинентални ракети со стратегиското може да се достигнат цели на повеќе илјадници километри оддалеченост и разорна моќ повеќекратно поголема од бомбата која во 1945 година беше фрлена во Хирошима.

Наспроти ова, тактичкото атомско оружје е конципирано за употреба на борбеното поле. Во зависност од избраната варијанта на тактичко оружје, тоа може да биде употребено и во релативна близина на сопствените сили налик на конвенционалното оружје што се користи во битките. Разорната моќ сепак би била значително поголема отколку на вообичаеното артилериско оружје.

Цели при употребата на тактичко атомско оружје може да бидат непријателските сили или инфраструктура во близина на фронтот, со што на пример може да се сопре тековна офанзива.

Варијабилна моќ, многустрани можности за употреба

Разорната моќ на тактичкото атомско оружје по правило вариира меѓу 0,3 и повеќе од 50 килотони ТНТ. За споредба, бомбата која беше фрлена врз Хирошима разви моќ од 16 килотони ТНТ. Тактичките атомски боеви глави се споредбено гледано релативно флексибилни и на различни начини може да стигнат до својата цел. Тие може да се нанесат на ракети, кои инаку се користат затранспортот на конвенционални боеви глави. Исто такае можно и лансирање од бродови или испуштање од воени авиони. Најчесто тактичкото атомско оружје се нанесува на носач со дострел до 100 километри. Изводливи се и поголеми растојанија од неколку стотици километри.

Putin und Lukaschenko | Archivbild 2019
Фотографија: Sergei Chirikov/POOL EPA/AP/dpa/picture alliance

Резервите на тактичко атомско оружје во САД и Русија по крајот на студената војна значително се намалија. Експерти проценуваат дека Русија има околу 1800 до 2000 преостанати боеви глави, додека количините во САД се уште помали.

Дел од таквото оружје САД го чуваат во европските членки на НАТО, меѓу кои и Германија. Тоа експлицитно го посочи рускиот претседател Владимир Путин кога на 25.3.2023 година го најави стационирањето на тактичко атомско оружје од неговата земја во Белорусија. Од министерството за надворешни работи на Германија во реакција соопштуваат дека “од Путин користената споредба со нуклеарниот удел на НАТО доведува до заблуда” и дека не може да служи како оправдување.