1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ПолитикаСоединети Американски Држави

Судот одби да ја поништи пресудата на Трамп

ЕМФ | Тагесшау
17 декември 2024

Кога ќе ја преземе функцијата во јануари, Доналд Трамп веројатно ќе биде осуден криминалец. Напорите на неговите адвокати за поништување на пресудата во судскиот процес за молчење во замена за пари доживеаја нов неуспех.

https://p.dw.com/p/4oESF
САД, Њујорк | Доналд Трамп
Доналд Трамп во судот во Њујорк (30.05.2024)Фотографија: Steven Hirsch/Pool/REUTERS

Пресудата во судскиот процес за поткуп против новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп не треба да се поништи. Таква одлука донесе судијата Хуан М. Мерчан во Њујорк, кој го одби барањето на Трамп. Во својата пресуда, судијата ги отфрла повеќето од тврдењата на Трамп дека некои од доказите се поврзани со службени дејствија - со што се нарушува имунитетот на тогашниот претседател.

Мерчан одлучи дека дури и да било така, тој сепак ќе заклучел дека одлуката на обвинителството да ги наведе овие дела како доказ „не претставува ризик од мешање во овластувањето и функцијата на извршната власт“.

Поткуп на порно-актерка

Трамп во мај беше прогласен за виновен за фалсификување деловни записи во врска со исплата на пари на порно-актерката Сторми Даниелс. Парите биле наменети да ја замолчат Даниелс за време на претседателската кампања во 2016 година, откако таа изјавила дека имала сексуална врска со оженетиот Трамп.

Трамп ги негира изјавите на Даниелс и какви било незаконски постапки. Еден месец по пресудата, Врховниот суд одлучи дека поранешните претседатели не можат да бидат кривично гонети за службени дејствија - односно за работи што ги правеле додека ја воделе земјата. Според пресудата, обвинителите не можат да ги цитираат овие дејствија за да поддржат случај кој се однесува на чисто лично, неофицијално однесување.

Карикатура на Сергеј Елкин
Карикатура на Сергеј ЕлкинФотографија: DW

Изрекувањето на пресудата сѐ уште се чека

По изборната победа на Трамп во ноември, судијата Мерчан го одложи објавувањето на казната во судскиот процес на неодредено време. Адвокатите на Трамп бараат целосен прекин на постапката и се повикуваат на одлуката на Врховниот суд. Тие тврдат дека на поротниците во судењето за поткуп им биле дадени недозволиви докази, како што е Трамповиот формулар за обелоденување на финансиите на претседателот и изјавите на некои вработени во Белата куќа. Обвинителите се спротивставија на тоа, велејќи дека тие докази се само „мал дел“ од нивниот случај.

Директорот за комуникации на Трамп, Стивен Чеунг, ја нарече пресудата на Мерчан „директно кршење на одлуката на Врховниот суд“.

Обвинителството не сака да се повлече

Иднината на случајот во целина останува нејасна. Обвинителството најави извесно излегување во пресрет за претстојното претседателство на Трамп, но сепак најави дека ќе ги отфрли сите напори за запирање на случајот. Трамп е првиот поранешен претседател кој е осуден за кривично дело и прв осуден криминалец избран на функцијата.