1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ЕкономијаТурција

Инфлација од речиси 80 насто во Турција

СН/агенции
3 август 2022

Инфлацијата во Турција продолжува вртоглаво да расте. Во јули, стоките и услугите поскапеле за 79,6 отсто во споредба со истиот месец лани, објави денеска турскиот завод за статистика.

https://p.dw.com/p/4F4Bd
Потрошувачкаѕта кошница во Турција од месец во месец сѐ поскапа
Потрошувачкаѕта кошница во Турција од месец во месец сѐ поскапаФотографија: Emre Eser/DW

Годишната инфлација во јули во Турција порасна на речиси 80 отсто, покажаа денеска официјалните податоци.

Турскиот завод за статистика соопшти дека потрошувачките цени пораснале за 79,6 насто во однос на јули минатата година.

Економистите очекуваа дури и уште поголема стапка на инфлација од 80,5 отсто. Но и со актуелните 79,6 насто, инфлацијата во земјата е на највисоко ниво од септември 1998 година, кога достигна 80,4 проценти.

Независните стручњаци сметаат оти инфлацијата е многу повисока од официјалните податоци. Економистите, исто така, оценуваат дека порастот на инфлацијата е предизвикан поради уверувањето на претседателот Реџеп Таип Ердоган, оти прокрај утврдената економска теорија, до инфлација доведува високата цена на задолжување.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган себеси се опишува како противник на зголемување на каматите
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган себеси се опишува како противник на зголемување на каматитеФотографија: TRT Haber

И покрај највисоката стапка на инфлација во последните 24 години, турската централна банка од минатиот септември ја намали референтната каматна стапка од 19 на 14 отсто. Тоа е во спротивност на економската логика. Централните банки ширум светот работат спротивно, ги зголемувата каматните стапки за да се изборат со високата инфлација на глобално ниво.

Повеќе: Поради инфлацијата, Турција стана рај за купувачи од Бугарија и Грција

Годишната инфлација во земјите од еврозоната во јули достигна рекордни 8,9 отсто, а во јуни во САД достигна 9,1 насто, најмногу во последните четири децении.

Минатата година, турската лира загуби 44 отсто од вредноста во однос на американскиот долар. Според денешниот курс, еден американски долар изнесува 17,95 лири.

Вредноста на лирата кон доларот сега е околу 25 насто пониска отколку во почетокот на годината.