1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиУкраина

Украина тврди дека има доказ оти Русија ја оштетила браната

ЕМФ | агенции
9 јуни 2023

Украина тврди дека има доказ оти Русија е одговорна за уништувањето на браната Каховка. Објавен е телефонски разговор.

https://p.dw.com/p/4SNAd
Браната Каховка, 6.06.2023
Браната Каховка, 6.06.2023Фотографија: @ZelneskyyUa/Twitter

Браната Каховка е уништена од страна на Русија, тврди Украина и наведува дека има доказ за тоа. Украинската тајкна служба соопшти дека поседува исечок од телефонски разговор на руски војници, кој наводно докажува дека тие се одговорни за кревање во воздух на браната и хидроцентралата Каховка.

Тајната служба СБУ на својот Телеграм-канал објави исечок од телефонски разговор со должина од една и пол минута, во кој наводно руски војник признава вина за уривање на браната. На тонската снимка се слуша човек кој вели дека руска група за саботажи е одговорна за нападот на браната. Дали снимката е автентична не може да се провери од независни извори. Русија од своја страна тврди дека браната е гранатирана од страна на Украина.

Нивото на водата во езерото Каховка и натаму паѓа

По уништувањето на браната, нивото на езерото Каховка и натаму паѓа. Од катастрофата која што се случи пред четири дена досега нивото на водата е паднато за речиси пет метри, соопшти денеска (9.06) компанијата која управува со украинските хидроцентрали Укрхидроенерго.

Нивото на водата паѓа по околу еден метар за 24 часа. Од државната компанија посочија и дека ѕидот на браната, кој сѐ уште не е целосно урнат, продолжува да пука. Целта сега е водата на Дњепар да се собира во акумулациите над станицата Каховка, со цел да има резерви на вода за летото.

Во поплавите загинале најмалку 14 лица

Во катастрофата од поплавите предизвикани од уништувањето на браната Каховка животот го загубиле најмалку 14 лица, објавија официјални претставници во Украина и во поплавената област Херсон, која е окупирана од страна на Русија.

Поплави Херсон Каховка
Во поплавите досега животот го загубиле најмалку 14 лицаФотографија: Libkos/AP Photo/picture alliance

Владимир Леонтјев, градоначалник на градот Нова Каховка назначен од Кремљ, за руската државна телевизија изјави дека во поплавите загинале пет жители. Едно лице загинало во областа северозападно од градот Херсон, изјави гувернерот на регионот Миколајив, Витали Ким. Градоначалникот на Олешки, Јевхен Ришчук, кој сега е во егзил, за новинската агенција АП изјави дека во поплавите загинале осум лица. Според официјални податоци, од двете страни на реката Дњепар се евакуирани повеќе од 6.000 луѓе.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема