1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиУкраина

Украина тврди: Русија ја минира браната кај Херсон

ЖА / агенции
21 октомври 2022

Украинскиот претседател Зеленски предупреди – доколку попушти браната на хидроелектраната Каховка, минирана од страна на Русите, се заканува историска катастрофа и во опасност се доведуваат стотици илјади луѓе.

https://p.dw.com/p/4IVJP
Руски војник патролира во хидроелктраната Каховка, Украина војна
Руски војник патролира во хидроелктраната КаховкаФотографија: AP/dpa/picture alliance

Украина ја обвини Русија за намера да ја уништи браната во јужноукраинскиот регион Херсон. Според владата во Киев, руските трупи ја минирале браната на хидроелктраната Каховка, со цел преку предизвикување поплава од надојдената вода да ја запрат  украинската контраофанзива.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски синоќа предупреди од катастрофа од историски размери, во случај на пукање на браната, во опасност се доведуваат стотици илјади луѓе покрај реката Дњепар, би биле поплавени 80 населби, меѓу кои и градот Херсон.

„Русија подготвува човечки режирана катастрофа, ги минира браната и трансформаторите на хидроцентралата за да предизвика пробив на браната и поплава. Целта е запирање на напредувањето на украинската армија“, изјави и советникот на Зеленски, Михаило Подољак.

Зеленски во својата видео-порака укажа и на опасноста прекинот на снабдување со вода во јужна Украина да влијае и врз системот за ладење на атомската централа Запорожје. Освен тоа, во случај на уништување на браната, каналот северен Крим, кој го снабдува со вода полуостров Крим на Црното Море, анектиран од Русите во 2014 година, едноставно би исчезнал.

Браната на хидроцентралата Каховка се наоѓа на реката Дњепар во близина на Херсон, град кој го контролираат Русите и кој којшто беше  анектиран од страна на Москва во септември.  Поради напредувањето на украинските трупи, окупаторската власт во средата започна со свое повлекување и „евакуација“ на цивили од градот Херсон. Во меѓувреме околу 15.000 жители се пренесени на левата страна на Дњепар, изјави претставникот на руската инсталирана управа во Херсон, Кирил Стремусов.

Киев во наводната евакуација пак гледа депортација на цивилите во Русија.

Во своето обраќање на самитот на ЕУ во Брисел, Зеленски укажа и на намерата на Русија, преку  уништување на енергетската инфраструктура во Украина,  преку отежнување на презимувањето на луѓето, да предизвика масовен егзодус на  бегалци од Украина во земјите од ЕУ.