1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Украинското жито тргна кон пазарите

ЕМФ | агенции
31 октомври 2022

Повеќе товарни бродови денеска се во движење пред црноморскиот брег на Украина и покрај откажувањето на Русија од договорот за житото.

https://p.dw.com/p/4Ish3
Брод со украинско жито
Брод со украинско жито (архивска фотографија)Фотографија: Yasin Akgul/AFP

Платформите vesselfinder.com и marinetraffic.com денеска (31.10) покажуваат раздвиженост на товарни бродови пред украинскиот брег на Црното Море. Меѓу нив и на бродот „Африкан Робин“, натоварен со пченица, бродот „СК Пријателство“, натоварен со соја и бродот „Силок“, натоварен со грашок, соопштија Обединетите Нации.

Овие три брода, заедно со уште други три, тргнале од украинските територијални води во насока на коридорот за транспорт за жито во Црно Море, се вели од ОН.

Украинското Министерство за инфраструктура наведе дека во движење е и бродот „Икариа Ангел“, кој транспортира стока по налог на Програмата за храна на ОН. Товарот од 40.000 тони жито е наменет за Етиопија.

Врз основа на досегашниот договор, товарните бродови од украинските територијални води прво ќе навлезат во меѓународни територијални води, а подоа одат во водите од коридорот договорен во јули. Русија во саботата (29.10) соопшти дека крева раце од договорот постигнат со посредство на Турција. Како причина беа наведени украински напади со дронови.

Со договорот беше ставенкрај на повеќемесечната блокада на украинскиот извоз на жито поради руската инвазија на таа земја.Договорот првично требаше да истече на 19 ноември, но ќе беше автоматски продолжен, доколку ниту една од страните не се спротивстави.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска (31.10) изјави дека неговата земја ќе продолжи со напорите за продолжување со извозот на жито. Според планот на делегации на ОН, Украина и Турција, денеска кон коридорот треба да испловат уште 16 бродови. Како што се вели, Русија за тоа била инфоирмирана.