1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ОпштествоАвстрија

Виена: Најдобар град за живеење во светот!

Никол Мајснер
2 јули 2024

Виена по трет пат по ред е прогласена за најпогоден град за живеење во светот на листата на „Економист“, пред Копенхаген (Данска) и Цирих (Швајцарија). Ниту еден германски град не влезе во првите десет.

https://p.dw.com/p/4hluw

Виена повторно е најпогоден град за живеење во светот. На годишното рангирање на „Економист“ трет пат по ред е на врвот, пред Копенхаген (Данска) и Цирих (Швајцарија).
Австрискиот главен град поентира во областите стабилност, здравствен систем, образование, инфраструктура, како и култура и животна средина.