Во руски напад врз украинско село загинаа 49 луѓе
5 октомври 2023Според украински извори, руските сили гранатирале продавница и кафуле во селото Хроза, во регионот на Харков. Меѓу загинатите е и 6-годишно дете, а едно дете е потешко повредено.
Гувернерот на регионот Харков, Олех Синехубов соопшти дека бројни цивили биле присутни на просторот каде се случил нападот.
„Спасувачки екипи и натаму работат“, соопшти Синехубов, алудирајќи на спасувачите кои се обидуваат да пронајдат преживеани меѓу изгорените остатоци од објектите.
Зеленски: Теророт мора да сопре
Засега е нејасно дали руските трупи го гранатирале селото или испукале ракети.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој се наоѓа на самитот на Европската политичка заедница во Шпанија, порача дека „рускиот терор мора да се сопре“.
„Разговараме со европските лидери за зајакнување на нашата воздушна одбрана, за засилување на војската, и заштита на нашата држава од теророт“, порача Зеленски преку апликацијата Телеграм.