Зеленски: Војната ѝ се врати на Русија
24 август 2024Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека војната се „врати“ во Русија. Со инвазијата на Украина, Русија сакаше да ја „уништи“ Украина, рече Зеленски во видео порака емитувана денеска (24.08), по повод Денот на независноста на неговата земја. Наместо тоа, додаде тој, Денот на независноста сега ќе се слави во Украина по 33-ти пат: „И она што непријателот го донесе во нашата земја сега се врати онаму од каде што потекна“.
„Оној кој сака да сее зло на наша земја, ќе собира плодови на своја сопствена територија. Тоа не е претскажување, ниту фалење, ниту слепа одмазда. Тоа е само правда“, рече Зеленски.
Според наводи на украинскиот претседател, неговата видео порака е снимена во пограничниот регион од каде Киев ја започна својата ненадејна офанзива во Русија. Украинските војници влегоа во пограничниот регион Курск на 6-ти август.
Русија ја започна својата инвазија на Украина на 24 февруари 2022 година. Воздухопловните борбени сили на Москва речиси секој ден вршат смртоносни напади врз соседната земја.