1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КатастрофиТурција

Зошто беше толку смртоносен земјотресот во Турција?

афп
6 февруари 2023

Комбинација на повеќе фактори го направи особено смртоносен земјотресот што ги погоди Турција и Сирија рано во понеделникот, како што се тајмингот, локацијата, слабата конструкција на урнатите згради, велат експертите.

https://p.dw.com/p/4NA4w
Турција земјотрес
Комбинација на повеќе фактори го направи особено смртоносен земјотресот што ги погоди Турција и СиријаФотографија: IHA/AP Photo/picture alliance

Комбинацијата на фактори го направи особено смртоносен силниот земјотрес што ги погоди Турција и Сирија рано во понеделникот, како што се тајмингот, локацијата, слабата конструкција на урнатите згради, велат експертите.

Повеќе од 2.600 луѓе загинаа во земјотресот со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала во близина на сириската граница, абројот на жртвите се очекува да расте со оглед на последователните потреси во текот на денот. 

Земјотресот предизвика такво уништување делумно поради неговата моќ -- тоа е најсилниот земјотрес што ја погодил Турција од 1939 година- и поради тоа што погоди населен регион. Друга причина е тоа што се случи во 4.17 часот, што значеше дека заспаните луѓе беа „заробени во моментот кога нивните куќи се урнаа“, изјави за АФП, Роџер Мусон, почесен соработник за истражување во Британскиот геолошки институт. 

Конструкцијата на зградите, исто така, не е „навистина адекватна за област која е подложна на големи земјотреси“, вели авторот на книгата „Милиони смртни земјотреси“. 

Тоа делумно може да се должи на фактот дека раседот кој го погоди земјотресот до неодамна беше релативно мирен. Турција се наоѓа во една од најактивните земјотресни зони во светот. Во земјотресот по должината на раседот во Северна Анадолија во северниот турски регион Дузче загинаа повеќе од 17.000 луѓе во 1999 година. 

Акумулирана голема енергија 

Но, земјотресот во понеделникот се случи на другата страна на земјата, покрај раседот на Источна Анадолија. Раседот во Источна Анадолија немал земјотрес со јачина од 7 степени повеќе од два века, што може да значи дека луѓето „занемаруваат колку е опасно“, рече Мусон.

Поради тоа што поминало толку долго од последниот голем земјотрес, можеби се акумулирало „прилично многу енергија“, потенцира Мусон. Јачината на последователните потреси во понеделникот, вклучително и афтершокот од 7,5 степени, ја поддржа оваа теорија, додаде тој.

земјотрес Турција
Конструкцијата на зградите не е адекватна за област која е подложна на големи земјотресиФотографија: Volkan Kasik/AA/picture alliance


      
Овој земјотрес беше „речиси повторување“ со јачина од 7,4 степени во истата област на 13 август 1822 година, рече Мусон. Предизвика „огромна штета, цели градови во урнатини и десетици илјади жртви“, рече тој. Последователните потреси од тој земјотрес продолжија да траат до јуни следната година.

Епицентарот на земјотресот во понеделникот беше на релативно мала длабочина од околу 17,9 километри во близина на турскиот град Газиантеп, кој е дом на околу два милиони луѓе. Тоа беше предизвикано од арапската тектонска плоча која се движеше кон север, „гребејќи покрај Турција“, рече Мусон. 

„Бидејќи не може да се движи непречено, се лепи“, рече тој. „Ослободувањето на тоа движење по должината на раседот е она што предизвикува голем земјотрес како оној што го имавме во понеделникот“. 

Земјотресите не можат да се предвидат 

Кармен Солана, вулканолог од Универзитетот Портсмут во Велика Британија, рече дека бидејќи земјотресите не можат да се предвидат, зградите отпорни на потреси се клучни во погодените области.

„Отпорната инфраструктура, за жал, е распространета во Јужна Турција и особено во Сирија, така што спасувањето животи сега главно зависи од напорите за спасување на преживеаните, додаде таа. 

земјотрес Турција
Повеќе од 2.300 луѓе загинаа во земјотресот со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала во близина на сириската границаФотографија: Omer Yasin Ergin/AA/picture alliance

Како одговор на земјотресот во 1999 година, турската влада усвои закон во 2004 година со кој се наложува сите нови градби да ги исполнуваат современите стандарди отпорни на земјотреси. Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ја претвори силната градба во политички приоритет по друг земјотрес што го погоди брегот на Егејското Море во 2020 година, при што загинаа 114 луѓе.

Џоана Фор Вокер, раководител на Институтот за намалување на ризици и катастрофи на Универзитетскиот колеџ во Лондон, ја повика Турција да провери дали е почитувана легислативата, особено по последната катастрофа. Таа, исто така, ја повика Турција да разгледа „дали постои можност да се подобри безбедноста на постарите згради“.

Бил Мекгваер, вулканолог од Универзитетскиот колеџ во Лондон, рече дека „во Сирија многу објекти веќе се ослабени поради повеќе од една деценија војна“. 

Катастрофален земјотрес во Турција