1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

А1 оди во стечај

26 јули 2011

Македонската телевизија А1 официјално оди во стечај. Основниот суд Скопје-2 денеска (26.07.2011)го прифати барањето за отворање на постапката која ја предложи првиремениот стечаен управник.

https://p.dw.com/p/123RS
Екипата на А1 телевизија во периодот кога емитуваше програма од пред владата на РМФотографија: Petr Stojanovski

Телевизијата е во долгови од 30 милиони евра кои нема начин да се наплатат. Според финансискиот извештај на привремениот стечаен управник Ацо Петров на сметките на А1 имало околу 900 илјади евра, што биле доволни само за 5% од обврските. Само кон УЈП долгот изнесува 9 ипол милиони евра.

Според Петров, фирмата не покажува солвентност, односно не може да ги исплати обврските, а нејзината сметка е блокирана од 2-ри јуни. Во неговиот финансиски извештај биле земени во предвид пресметки за 2010 година, а фирмата доставувала завршна сметка заклучно со 2009 година. Петров го подготвил извештајот врз основа на документација која што му била достапна во А1, како и од надлежните институции.

Автор:КД/СН

Редактор: Симе Недевски

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема