Авганистан – грабнати Французи
14 април 2007Реклама
Канадската телевизија доби видео порака со двајцата француски граѓани, кои беа киднапирани во Авганистан. Во неа соработниците на хуманитарната организација „земја на децата„ објаснуваат дека се плашат за своите животи. Тие беа киднапирани заедно со уште тројца авганистански соработници на почетокот од април во јужната покраина Нимрос. Заложниците за наоѓаат во рацете на талибанските востаници.