1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Австралиецот Грег Рајт - „татко“ на биткоинот

ЖА/ртре2 мај 2016

Откриена е долгогодишната тајна околу мистериозниот пронаоѓач на дигиталната валута. Австралиецот Грег Рајт за БиБиСи потврди дека е творец на биткоинот кој постои од 2009. година.

https://p.dw.com/p/1IgUS
Фотографија: picture-alliance/dpa

„Јас го презедов најголемиот дел во создавањето, но ми помогнаа и други“, изјави претприемачот. Досега само се знаеше псевдонимот на пронаоѓачот - Сатоши Накамото. Според БиБиСи, австралискиот бизнисмен приложил технички докази за создавањето на биткоинот. Австралиската полиција и даночна служба засега не коментираа.

Symbolbild Bitcoins
Фотографија: Reuters

Во декември беше извршен претрес на канцеларијата и на куќата на Рајт во Сиднеј. Претходно магазинот „Вајрид“ го посочи како можен креатор на дигиталната валута. Според информациите, Рајт поседува биткоини во вредност од повеќе стотици милиони долари и со тоа може да влијае врз цената. Полицијата во декември соопшти дека претресот е извршен по налог на даночната служба.

Bitcoin Flexcoin Bank Krise
Фотографија: Reuters

Во Австралија одамна се дебатира околу оданочувањето на биткоини. Надлежната финансиска служба одлучи да ги третира како имот, а не како валута. За разлика од нормалните валути, биткоинот не го идава некоја централна банка, туку го креираат корисници чии компјутери за таа цел пресметуваат екстремно комплексни алгоритми.