1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Автопроизводители ќе штедат и покрај рекордните приходи

А. Чалак/Б. Георгиевски1 август 2014

На германските автопроизводители им оди многу добро, пред сѐ благодарение на добрата продажба во САД и Кина. Но, и покрај тоа тие се подготвуваат за штедење.

https://p.dw.com/p/1CjlO
Фотографија: AFP/Getty Images

Човек ќе помисли дека единственото што ги мачи германските автомобилски производители е - притисокот на успехот. БеЕмВе, Фолксваген и Дајмлер минатата година остварија приходи од 400 милијарди евра. Но, и покрај тоа, на некој начин, се незадоволни. Зборуваат за штедење, поголема ефикасност и продуктивност. И зачудувачки, и синдикатите се согласуваат со тоа.

Во Фолксваген треба да се заштедат 5 милијарди евра. Во компанијата сакаат до 2018 година да ја надминат Тојота и да станат лидери на светскиот пазар. Затоа треба да расте приходот. Но, патот до таму е условен од дискусиите меѓу раководството на концернот и работничкиот совет.

Шефот на концернот Винтеркорн сака да ги намали работните трошоци. Во минатите години тие растеле побрзо од продуктивноста, вели тој.

Но, Работничкиот совет во Фолксваген се противи. Можностите за подобрување тој ги гледа во менаџирањето на фабриките и во организацијата на работата.

Слични дискусии се водат и во Дајмлер. И во БеЕмВе. Таму дури се размислува и за укинување на паузата за ужина. Со оглед на рекордните приходи ваквите планови за штедење би можеле да доведат до големо незадоволство кај работниците.