1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Криминал

Алексеј Навални е отпуштен од болницата во Берлин

ЖА / агенции
23 септември 2020

Лидерот на руската опозиција помина речиси еден месец на лекување во берлинската Универзитетска клиника, борејќи се за својот живот. Но, процесот на заздравување кај него сега оди со забрзано темпо.

https://p.dw.com/p/3isGA
Berlin Charite Alexei Navalny Instagram Post
Фотографија: Alexey Navalny/Instagram

Алексеј Навални е отпуштен од болницата „Шарите", каде помина 32 дена по тешкото труење, при што долго време се наоѓаше во вештачка кома на станица за интензивна нега.

Лекарите сега сметаат дека здравствената состојба на критичарот на Кремљ е подобрена во толкава мерка, што е можно завршување на стационарниот третман. Со оглед на досегашниот тек и актуелната состојба, лекарите прогнозираат дека кај Навални е можно целосно оздравување. Сепак останува опцијата за евентуални долгорочни последици на труењето со опасен отров. 

Повеќе:

Навални: Отровот во шише вода- не во чај?

Се заострува судирот помеѓу Берлин и Москва поради Навални

Случај Навални: Меркел го дисциплинира Путин

Новичок: Советскиот отров за елиминација на неистомисленици

Алексеј Навални на 20 август колабираше за време на авионски лет во Русија, од Сибир кон Москва, по што пилотите принудно слетале во Омск, каде тој бил префрлен во локалната клиника. На 22 август Навални беше пренесен во Германија, во берлинската клиника „Шарите". Повеќе европски специјализирани лаборатории потврдија дека рускиот политичар бил отруен со меѓународно забранет нервен боев отров од групата Новичок.

Германија и повеќе европски земји побараа од Русија да го разјасни атентатот, но руската влада тврди дека досега нема никакви докази дека Навални во Русија бил во контакт со отровот Новичок. Случајот предизвика енормно оптоварување на политичките односи меѓу Берлин и Москва.

Путин шпекулира околу самотруење
Рускиот претседател Владимир Путин, според францускиот весник „Ле Монд“, во телефонски разговор со својот француски колега Емануел Макрон вовел во оптек нова теорија: Навални наводно самиот зел Новичок. Притоа, Путин навел повеќе варијанти како Навални можел да стигне до нервниот отров без вмешаност на руските државни органи, едната е преку врски со Литванија, каде живее пронаоѓачот на отровот. Макрон категорично ги отфрлил овие претпоставки. 

Навални пак нема намера да остане трајно во Германија и да бара азил. Неговата портпаролка Кира Јармуш изјави дека Навални сака да се врати во Русија и да ја продолжи својата работа таму веднаш кога неговата здравствена состојба тоа ќе му го дозволи. За Навални во ниеден момент не постоеше друга алтерантива, истакна Јармуш.