Алемано: Пукањето во Рим не е терористички акт
28 април 2013Римскиот градоначалник пред новинарите во Рим изјави дека политичката клима во последните месеци во Италија ги зголемила тензиите во земјата. „Не е акт на тероризам, но климата во последните неколку месеци сигурно не е од помош“, рече Џани Алемано, коментирајќи го пукањето пред седиштето на италијанската влада (на фотографијата горе) во момент кога новиот кабинет полагаше заклетва.
Кои се причините за пукањето, во кое беа повредени двајца полицајци и жена минувач, не е познато. Италијанските медиуми јавуваат дека човек во јакна и со вратоврска одеднаш испукал неколку крушуми со пиштол и се повредил кога сакал да избега. Тој е веднаш уапсен. Лицето потекнува од Калабрија, а министерот за внатрешни работи Анџелино Алфано изјави дека пукањето е „трагичен гест на невработен човек“.
Владината палата се наоѓа во центарот на Рим, оддалечена многу од кабинетот на претседателот на државата, но сепак просторот пред седиштето на претседателот Џорџо Наполитано превентивно е испразнет од страна на полицијата.