Алијанса на „Дајмлер“ и „Рено“
8 април 2010Дитер Цече е шеф на управниот одбор на „Дајмлер“: „Ние не рековме најпрво дека сакаме да соработуваме или дури да се соединиме. Туку ние најпрво рековме дека сакаме да соработуваме во поединечни области. Потоа ги истраживме тие области и заклучивме дека заедно може да создадеме предности за двете страни.“
Поставување стандарди во светски рамки
Двата концерна се надополнуваат во различни области. „Дајмлер“ е пред се‘ успешен во премиум-сегментот, а „Рено-Нисан“ има обемни искуства при производството на помали автомобили. Така двата концерна сакаат да остварат тесна соработка во производството на помали автомобили. Притоа „Дајмлер“ се надева дека ќе ги намали трошоците за моделот Смарт, кој предизвикува загуба.
Покрај тоа во иднина треба заедно да се користат мотори на дизел и на бензин. Така премиум-моделите на „Нисан“ ќе добијат технологија од „Дајмлер“. Најпосле, „Дајмлер“ и „Рено-Нисан“ заедно развиваат модели на лесни камиони.
За да ги намалат трошоците, двата концерна се стремат кон тоа да соработуваат и во областа на електронскиот погон. Карлос Гош, шефот на концернот „Рено-Нисан“ вели: „Ако заедно развиеме стандарден акумулатор или мотор ќе бидеме побрзи. Така можеме да продадеме поголеми количини и да постигнеме подобри цени. Со тоа ќе можеме да учествуваме во обликувањето на светскиот индустриски стандард.“
Потписот на договорот за соработка треба да биде првиот чекор во тој правец.
Автор: Данијел Вишевиќ/ Јасна Мушиќ Јанчулева
Редактор: Александра Трајковска