1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Америка на прво место. Америка сама.

Карстен фон Намен
15 октомври 2017

Американскиот претседател Трамп го става под прашалник нуклеарниот договор со Иран. И пак своите партнери ги става пред свршен чин. Америка сѐ повеќе се самоизолира, смета Карстен фон Намен.

https://p.dw.com/p/2lrJy
USA Donald Trump Statement zu Iran Atom-Abkommen
Фотографија: picture alliance/Al Drago/CNP/AdMedia

Истакната брада, чкртање со заби, стиснати очи: Доналд Трамп повторно го глуми Валканиот Хари. Овојпат тоа беше за време на обраќањето по повод новата иранска стратегија на САД.

Трамп себеси се доживува како заштитник на Американците од злиот свет. Така го гледаат и бројните следбеници кои пред една година го избраа за претседател. Трамп главно ним им се обраќа. Што мислат другите за она што тој го вели, очигледно му се сеедно. America First. America Alone.

Контра политичкото наследство на Обама

Во текот на изборната кампања, Доналд Трампатомскиот договор со Иран, кој неговиот претходник Барак Обама го реализираше по долгогодишни заеднички напори со Европејците, Русите и Кинезите, го нарече грешка и „најлош дил“ во историјата на САД. Овој слоган сега го следи во чекор, заедно со неговото ветување дека како претседател, ќе направи сѐ за раскинување на овој договор.

Засега не отиде толку далеку, со акцент на „сѐуште“. Неговите најважни надворешнополитички и безбедносни советници како министерот за одбрана Метис, министерот за надворешни работи Тилерсон, го одраќаа од намерата. Зашто, без овој договор, невозможно е држење под контрола на иранските амбиции за атомско вооружување. 

И на што би личела постапката на еднострано и без причини и повод раскинување на договорот. Зашто, иранската влада се придржува кон него, што го потврдуваат и европските сојузници, МААЕА, па дури и генералите на Трамп.

von Nahmen Carsten Kommentarbild App
Карстен фон Намен

Трамп ги менува правилата на игра

Но, за Трамп е очигледно премногу секои 90 дена пред Конгресот и јавноста да го потврдува функцинирањето на надворешнополитичкиот концепт на неговиот претходник.

Затоа, новиот претседател посегнува по стар трик, исто како и во својот поранешен живот, во кој беше претприемач или ѕвезда на риалити шоу: правилата на игра тој едноставно ги прилагодува на своите потреби. Значи, сега веќе не е важно дали Иран се придржува кон спогодбата, туку дали делува „во духот на договорот“. Значи, дали Иран се однесува според правилата интерпретирани од Трамп.

А одговорот, се разбира, е негативен. Режимот во Техеран и натаму го угнетува сопствениот народ, му се заканува на Израел со уништување и го поддржува сирискиот диктатор Башар ал-Асад, либански Хезболах и останати терористички организации во блискоисточниот регион. Сето тоа во целина е неприфатливо и за секаква осуда. Притоа, тука воопшто не станува збор за атомскиот договор. Во договорот станува збор за спречување на зголемувањето на нуклеарен арсенал во еден од најнестабилните региони во светот.

А тоа засега функционира. Договорот, за волја на вистината, не е перфектен ни од западно гледиште, но станува збор за компромис и тоа таков кој функционира.

Типично за Трамп

Некои ќе речат, па нуклеарниот договор не е мртов. Конгресот може да го спречи најлошото. Но, во стварност, на договорот му е причинета штета. Пораката гласи: договорите со САД не се вредни ни колку хартијата на која се напишани, зашто актуелниот претседател во секој момент и без потреба ги доведува во прашање без да пружи вистинска алтернатива.

И фактот дека одговорноста ја турка пред Конгресот, ги покажува размерите на неодговорноста на овој човек. Но, тоа е типично за Трамп: мегаломански најави чија единствена цел е себе си и своите поклоници да ги фрли во транс. А за реализацијата нека се грижат другите. Сите кои на почетокот на мандатот се надеваа дека овој популист со текот на времето ќе дорасне на својата одговорност за својата земја и за светот, во меѓувреме се разочарани. Многу жално, како што би рекол самиот Трамп.