Здравје
Ангела Меркел во последен момент стигна до тоалетна хартија
21 март 2020Реклама
Според купеното, делува дека препораката за седење дома во екот на кризата со коронавирусот ја оставила канцеларката Ангела Меркел без залихи од вино. Имено, таа освен неизбежната тоалетна хартија, кошничката ја наполнила и со три шишиња вино, како и со цреши и сапун, јавуваат германските медиуми. Бројни продавници низ земјата деновиве целосно останаа без тоалетна хартија откако многу луѓе поради коронавирусот одлучија да купат големи количини. Вработените во маркетот во Берлин велат дека Меркел е нивен редовен муштерија.