Анкета: Клинтон или Трамп? За кого би гласале Македонците
8 ноември 2016Реклама
Кога би се прашувале македонските граѓани на изборите во САД би победил(а)...? Малата анкета која ја спроведовме на улиците на Скопје покажува дека длабоката поделеност околу двајцата кандидати е актуелна и илјадници километри подалеку. Во повеќето западно-европски земји, Клинтон е изразит фаворит во однос на ривалот од републиканската партија. Анкетата која ја спроведе весникот „Ди Цајт“, на пример, покажа дека во Германија над 70 проценти од испитаниците би гласале за Хилари Клинтон. Во Источна Европа и на Балканот, ситуацијата е малку поинаква, и таму Трамп добива значително поголема поддршка.