1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Криминал

Апелацискиот суд ги намали казните за осудените за „Труст“

СН/ агенции
11 март 2019

Бизнисменот Сеад Кочан доби казна затвор од 4,8 години, а Василије Авировиќ наместо затворска доби условна казна од две години.

https://p.dw.com/p/3En9X
Symbolbild Justiz Gericht Richterhammer
Фотографија: picture alliance/imageBROKER

Кривичниот совет судии на Апелацискиот суд во Скопје ја потврди првостепената пресуда на Кривичниот суд за предметот на специјалното јавно обвинителство со кодно име „Труст“. Казната на Кочан ја намали од 6 на 4,5 години, а на Авировиќ од три години - во условна казна.

Епилогот за Авировиќ следува откако лани Собранието изгласа измени во Кривичниот законик, со кои за кривичното дело злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување договор за јавнa набавкa или јавно-приватно партнерство, предвидената казна беше намалена од 5 на 4 години. Апелацискиот суд му ја ублажил казната од 3 на 2 години, што дозволува да му биде изречена условна осуда.

Mazedonien Justiz Appellationsgericht
Фотографија: Petr Stojanovski

Првото рочиште за случајот се одржа на 7 ноември 2017 година, а обвинетите пресудата ја слушнаа на 20 јули 2018 година. Управителот на компанијата „Трансмет“, Сеад Кочан беше осуден бидејќи со лажни документи учестувал и добил тендери за ископ на јаглен и јаловина во РЕК „Битола“ на АД ЕЛЕМ вреден 17 милиони евра.

Судијката Лидија Трајковска Зимбовска го ослободи од обивинение третообвинетиот Сафет Ветиќ, затоа што делото за кое се гони не е кривично дело.