1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Намалување на работниците од Западен Балкан во Германија?

Марсел Лојбехер (Велт ам Зонтаг)
29 јуни 2020

Економската криза особено тешко ги погаѓа мигрантите во Германија. Унијата сака да го намали притисокот и легалното доселување од земјите од Западен Балкан, пишува „Велт ам Зонтаг“.

https://p.dw.com/p/3eUYq
Deutschland Berlin 2012 | Baustelle Airport Berlin-Brandenburg-International
Фотографија: picture-alliance/dpa/P. Pleul

Падот на германската економија во корона-кризата особено тешко ги погодува странците. Од март до мај бројот на невработени кои немаат германски пасош, според Сојузната агенција за работа, пораснал за 24% на 840.000 лица. Податоци за стапката на невработеност нема, но веројатно е околу 15 проценти. Бројот на невработени Германци пак растел побавно: за 19% на вкупно 1.964.000 лица.

Во мај стапката на невработеност изнесувала вкупно 6,1%. 2,8 милиони лица немале работа, односно една четвртина повеќе отколку пред една година. Покрај тоа, околу 7 милиони работници се со скратено работно време. За бегалците нема точни податоци, но Сојузната агенција посочува цифра за невработени од осум земји од кои има голем број азиланти (Сирија, Ирак, Авганистан, Иран, Еритреја, Нигерија, Сомалија и Пакистан). Од март бројот се зголемил за 23% на рекордни 272.000 лица.

„Сѐ е можно ако си упорен“

За да се растовари пазарот на трудот, Унијата (ЦДУ и ЦСУ) сака малку да го намали доселувањето. Погодена би била регулативата за Западен Балкан, која и онака важи само до крајот на годинава. Според неа, од 2016 година и на лица без висока стручна спрема од Албанија, БиХ, Косово, Северна Македонија, Црна Гора и Србија им беше дозволено да дојдат на работа во Германија. Минатата година на тој начин биле примени 27 илјади лица.

Работните групи на пратеничката група на ЦДУ/ЦСУ сега се договорија за рестриктивна линија. Портпаролот на пратеничката тгрупа за прашања од внатрешната политика, Матијас Миделберг, за „Велт ам Зонтаг“ вели: „Се наоѓаме во голем економски пад и веќе сега имаме 600.000 невработени повеќе отколку пред една година. Во вакви околности да се остави непроменета регулативата за Западен Балкан не е опција. Затоа се залагаме за јасно ограничување на регулативата: две наместо како досега пет години и контингент од максимално 15 илјади лица годишно.” Политичарот од редовите на ЦДУ освен тоа додава: „Наместо да се поттикнува миграцијата на работна сила од Западен Балкан, треба да се концентрираме на тоа брзо да им најдеме вработување на бегалците кои имаат перспектива да останат во земјава.“

„Во мало место е тешко“

Министерството за труд, предводено од СПД, соопшти дека „во моментов се преговара за модалитетите за продолжување на оваа регулатива." Но и без ограничувања регулативата овоможува „управување со доселувањето според потребите“, бидејќи Сојузната агенција за работа дава согласност за вработување само „доколку нема привилегирани баратели на работа од земјата или од членките на ЕУ."

Економскиот пад особено ги погоди странците, бидејќи тие пред сѐ работат во индустрии кои се силно погодени од карантинот и кризата. Така на пример, стапката на невработеност е особено зголемена во угостителството, како и во делот на услуги за чистење или обезбедување. Притоа, работни места во поселдно време загубија многу лица без соодветна стручна спрема – во дејности за кои не се неопходни посебни квалификации работат многу не-Германци, претежно од земји кои не се членки на ЕУ.

Balkans trough the eyes of the wild wild West
Карикатура на тема иселување на македонскиот учесник во ДВ-проектот Balkan Booster - „Бела Мачка“Фотографија: DW/Bela Macka

Корона-кризата веројатно ќе го зголеми јазот на пазарот на труд помеѓу Германците и странците. Последната статистика од март покажува дека 63% од сите работоспособни Германци имале работа со социјално осигурување, додека кај не-Германците тој процент е само 46. Меѓу нив „странците“ од ЕУ стојат подобро (53%) за разлика од оние од осумте земји од кои доаѓаат најмногу азиланти (30%). Стапката на невработеност во март кај Германците беше пет проценети, додека кај странците 13%, од кои 34% отпаѓа на лица од осумте земјите од кои се бара азил.

„Не планирам да се враќам во БиХ“

Покрај стапките за невработеност и вработеност, Сојузната агенција за работа како трет централен индикатор за интеграција на пазарот на труд ја наведува и стапката на примање социјална помош од програмата Харц 4. Во февруари, 6% од Германците ја користеле оваа помош, додека кајлицата кои немаат германски пасош тој процент е 19. Од нив над половина, односно 58%, се од осумте азил-земји. Највисока квота е кај Сиријците (74%). Речиси сите луѓе од таму се регистрирани како бегалци и имаат право само на ваква поддршка.