1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Ќе се одрази ли „случајот Груевски“ врз ЕУ интеграциите?

Кено Верзек
26 ноември 2018

Унгарски аналитичари и пратеници се сомневаат дека Будимпешта го организирала или во најмала рака знаела за бегството на Груевски. Скопје во дилема: дали судир со Унгарија може да ја загрози евроатлантската интеграција?

https://p.dw.com/p/38tpi
Ungarn Mazedonien Orban mit Ex-Premierminister Gruevski in Skopje Archiv
Фотографија: Reuters/O. Teofilovski

Бегството на поранешниот македонски премиер Никола Груевски од неговата земја во Унгарија е како политички трилер. Дури и патронот на Груевски, Виктор Орбан со одредена ноншалантност го нарекува случајот „интересна приказна, возбудлива како трилер“.
Најголемиот дел од деталите од овој крими-трилер се веќе познати и официјално потврдени, но една работа останува нејасна: како побегна Груевски од Македонија во Албанија? Македонската влада се мачи да дојде до одговорот. Не е ни чудо: каков и да биде одговорот тој ќе фрли темна сенка врз реформската влада на премиер Зоран Заев. Или Владата се покажала некомпетентна да го спречи Груевски во намерата за бегство, или тивко му дозволила да замине. Дополнителна непријатност може да биде расправата за напредокот на Македонија во Европскиот парламент закажана за неделава.

Истражувањето на Дојче веле дојде до сознанија дека Груевски подолг период го подготвувал своето бегство, а пред своите телохранители создавал слика дека всушност се помирил со затворската казна.

Портпаролот на унгарската Влада одби да одговори на прашања на ДВ на оваа тема. Тој посочи на претходниот став дека владата на Унгарија немала врска со бегството на Груевски од Македонија во Албанија.

Будимпешта помагала или само знаела?

Политологот и надворешно-политички експерт Андрас Рац од Институтот Политички Капитал од Будимпешта, сепак, тоа го смета за малку веројатно. „Патот на Груевски од амбасадата во Тирана преку Црна Гора и Србија до Унгарија делува особено темелно организиран“, вели Рац.
„Оттука, според мене, би било впечатливо доколку унгарската влада не му помогнала на Груевски и при бегството од Македонија или барем била запознаена со деталите“.
На исто мислење е и независната унгарска пратеничка Бернадет Сел.
„Во мозаикот на информации, тврдењето на унгарската влада дека немала ништо со бегството на Груевски од Македонија, делува неверодостојно“, вели Сел. 
Минатата недела Сел побарала од унгарската Служба за миграции и азил детали за барањето за азил на Груевски- како пратеник таа има право на тоа. 
Нејзиниот заклучок: „Не постои правна основа за трансферот на Груевски низ три држави од Западниот Балкан и негов влез во Унгарија. Тоа барало политички одлуки и прецизна и внимателна организација на бегството по сите основи“.

Transparent mit dem Bild von Nikola Gruevski
Унгарската опозиција со транспарент на зградата на парламентот го изрази незадоволството од приемот на ГруевскиФотографија: Hungarian Democratic Coalition

Дали Унгарија ќе биде „новата“ Грција?

За владите во обете земји, но особено за македонската, информациите значат голема дилема. Македонија следната година треба да стане членка на НАТО и да започне преговори со ЕУ. Во Македонија стравуваат дека Унгарија би можела да ги блокира евроатлантските процеси доколку владата на Заев премногу притиска во случајот Груевски.
„Грција две децении ги блокираше евроатлантските стремежи на Македонија“, вели македонскиот новинар Сашо Орданоски. „На Македонија не и треба уште една Грција, и Орбан го знае тоа“.

Политологот Андрас Рац сепак не верува дека Унгарија е заинтересирана за ескалација.
„Досега унгарската политика на Балканот беше коректна и прагматична“, вели Рац. „Евентуална блокада на Македонија ќе и нанесе голема штета на Унгарија во ЕУ, а во случајот на НАТО ќе ги испровоцира САД. Затоа владата на Орбан се обидува да го минимизира случајот и сѐ да сведе на една правна основа“.

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема