Берлин: Добредојде од срце за Северна Македонија
27 март 2020„Им честитаме на граѓаните на Северна Македонија на членството во Алијансата и им посакуваме на нашите сојузници од срце добредојде“, се наведува во честиката од германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас која ја упатува од име на Владата.
„За луѓето во Северна Македонија со тоа завршува еден долг пат, кој го минаа со упорност. Важна пресвртница беше историскиот Преспански договор меѓу Грција и Северна Македонија. Со него, шефовите на држави и влади во двете земји импресивно покажаа дека политичката храброст и дипломатската умешност можат мирно да надминат долгогодишни блокади“.
„Тоа што и ЕУ оваа недела одлучи да започне пристапни преговори со Северна Македонија, е уште еден голем успех на консеквентната реформска политика.
Влезот на Северна Македонија во НАТО ги зголемува безбедноста и стабилноста на целиот регион на Западниот Балкан и е знак за политиката на отворени врати на НАТО- политика која придонесува кон обезбедување на слободата, демократијата и човековите права.
Германската сојузна влада се радува на соработката со нашиот нов сојузник Северна Македонија“.