1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Религија

„Бог нека ја чува Северна Македонија“

ЕМФ
7 мај 2019

Папата Франциско во говорот во „Вила Водно“ ја нагласи солидарноста и хуманоста на македонските граѓани со бегалците и се осврна на мисијата на Мајка Тереза, велејќи: „Со право сте горди на оваа голема жена.“

https://p.dw.com/p/3I3uv
Papst Franziskus in Nord-Mazedonien
Фотографија: Reuters/O. Teofilovski

Ова е првпат следбеникот на апостол Петар дадојде во Република Северна Македонијаи ме радува што тоа го правиме по повод 25-годишнината од воспоставувањето дипломатски односи со Светата столица, рече папата Франциско во претседателската резиденција во Скопје пред присутните државни претставници, како и претставници на дипломатскиот кор, на граѓанското општество и медиумите. 

„Вашата земја е мост помеѓу Истокот и Западот и место каде што се слеваат многу културни струи, каде што се обединуваат многуте карактеристики на овој регион. Со историските сведоштва од нејзиното византиско и отоманско минато, со монументалните тврдини низ планините и прекрасните иконостаси во старите цркви кои ја докажуваат христијанската присутност од времето на Апостолите, се изразува нејзината богата илјадагодишна култура што ја наследила. Но, дозволете ми да кажам дека ова културно богатство е само огледало на вашето најценето и најважно наследство: мултиетничкиот и мултирелигискиот состав на ликот на вашиот народ, плод на богатата историја, и комплексните односи низ минатите години“, истакна папата Франциско.

Традиционален дочек за папата

Пофалби за помошта за мигрантите

Светиот отец ја нагласи солидарноста и хуманоста на македонските граѓани со бегалците. „Солидарноста со оние кои тогаш беа во нужда, зашто покрај домот, работата и татковината, загубија и многу сакани луѓе, ве прави достојни за почит и зборува од душата на овој народ, кој и самиот знае што е да се нема, ја разбира солидарноста и делењето на она што се има како пат кон вистински развој.“

Папата Франциско се осврна и на мисијата на Мајка Тереза и рече: „Со право сте горди на оваа голема жена.“

Papst Franziskus in Nord-Mazedonien
Папата Франциско пред Спомен куќата на Мајка Тереза во СкопјеФотографија: Reuters/Y. Nardi

На крајот на говорот во „Вила Водно“, поглаварот на Римокатоличката црква нагласи:

„Ве охрабрувам верно да го следите започнатиот пат и да ја направите вашата земја светилник на мирот, гостопримството и плодна интеграција на културите, религиите и народите. Тргнувајќи од соодветните идентитети и динамиката на нивниот културен и цивилен живот, тие ќе можат да изградат заедничка иднина, отворајќи се кон богатствата што секој од нив ги носи со себе. Бог да ја чува Северна Македонија, да ја зачува хармонијата и да даде просперитет и радост!“