Од тестовите за коронавирус се очекува да го забрзаат враќањето на нормалниот живот, во Германија се зголемува нивниот број и видовите. Посебно во фокусот сега се брзите тестови, кои за кратко време нудат одговор - дали некој е позитивен на Ковид-19. Во Берлин вакви тестови се прават и во - ноќен клуб: култниот КитКат поради локдаунот се претвори во тест-центар.