Бројот заболени од птичји грип се зголемува
16 јануари 2006Индонезија јави за нова жртва од птичјиот грип. Кај девојчето кое почина изминатиот викенд е констатиран агресивниот вирус Ха5 Ен1, соопштија властите. Со ова во југо – источна Азија бројот на починати од болеста се зголеми на 13 лица.
Во Турција во момтнов има 19 лица заболени од вирусот на птичји грип. Турското министерство за здравство вчера јави дека уште едно момче е заразено од птичјииот грип. Кај петгодишниот Мухамет Оцкан пронајден е вбирусот Ха5 Ен1, но не и кај неговата сестра Фатма, која почина. Сепак лекарите се сомневаат дека девојчето починало од птичји грип. И двете деца биле во контакт со заразена живина. Децата живееле во Догубајазит, град во близина на границата со Иран. Поради симтоми на грип повеќе десетици луѓе се сместени во болниците во Турција, а медицинскиот персонал ги спорведува потребните тестови за висруот Ха5 Ен1. Официјални лица соопштија дека сите кои се заразени со птичјиот грип, вклучувајќи ги и трите деца кои починаа минатат недела биле во контакт со заразена живина и нема доказ дека болеста се пренесува од човек на човек.
Првиот сомнителен случај на птичји грип кај човек во Германија е демантиран. Портпарол на министерството за здравство на Северна Рајна Вестфалија, рече дека пациентот со симтоми на птичји грип, кој беше донесен во болницата Сент Францискус во Келн, не е заболен од опасниот вирус. И белгиските власти изминатиов викенд беа конфронтирани со сомнителен случај, кој исто така беше демантиран, откако по изведените тестови беше утврдено дека пациентот не е заболен од опасниот вирус птичји грип.