1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Бугарија се откажува од „Белене“

16 март 2012

Бугарија ќе се откаже од новата нуклеарна централа на Дунав со сила од 2.000 магавати која ја гради руската државна компанијa „Атомстројекспорт“, изјави бугарскиот премиер.

https://p.dw.com/p/14Lk8
Фотографија: picture-alliance/ZB

Бугарскиот премиер Бојко Борисов денеска наведе дека минатиот месец испратил бугарски министри да им пренесат на руските претставници дека Бугарија нема да ја изгради централата „Белене“, но оти ќе биде исплатен едниот, веќе изградениот реактор, со сила од 1.000 мегавати.

Борисов посочи дека Бугарија ќе се обиде тој реактор да го инкорпорира во постоечката нуклеарна централа „Козлодуј“, чија сила е 2.000 мегавати.

Бугарската влада го одложуваше донесувањето на конечната одлука за изградба на „Белене“ откако дојде на власт во 2009-та година, и цело време се обидуваше да најде западноевропски инвеститор за проектот и да ги намали трошоците за изградба на нуклеарната централа, што беше проценета на повеќе од осум милијарди евра.

Автор: ЖА/ЕМФ/миа

Редактор: Е. Милошевска Фиданоска